Дата: 17.11.2017 - Четврта година по ред Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет,, Јустинијан Први’’, во Скопје

Author

Стипендиите се наменети да ги покријат трошоците за кофинансирање на студиите. За Еуролинк стипендија аплицираа студенти на додипломски и постдипломски студии од сите насоки на  Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’. 
Во свечена атмосфера, во просториите на Еуролинк осигурување, стипендиите ги додели Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување  Олга Костовска.
-  Продолжуваме и понатаму да инвестираме во младите и перспективни студенти, да ги поттикнеме да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски, своето семејство, да ја негуваат  хуманоста во себе, а Еуролинк осигурување и понатаму ќе продолжи да биде нивна поддршка, ќе придонесува во образованието и ќе ги поддржува младите луѓе, се со цел да им се овозможи поквалитетно образование како основа за создавање на квалитетни професионалци и квалитетно општество, изјави Олга Костовска.
Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност,  ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности’’.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување