Дата: 07.03.2018 - Заедно во уште една приказна – Еуролинк осигурување организира бесплатна тениска школа за деца

Author

Еуролинк осигурување во рамките на платформата за корпоративно општествена одговорност, ,,Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”, за првпат оваа година организира Тениска школа за деца на возраст од 6 до 12 години.
30 момчиња и девојчиња оваа пролет ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники на тенисот, поминувајќи го слободното време во забава и дружење. Преку организираните групни тренинзи и изучувањето на основните тениски техники, кај децата се развиваат моторичките вештини. Часовите по тенис се организирани во групи кои позитивно влијаат на развојот на тимскиот дух, создавање на нови пријателства, стекнување на нови искуства, развивање на љубовта кон спортот. Овој забавен спорт со топка е одличен спорт за деца. Тенисот го поттикнува физичкиот развој кај децата. Тенисот е комплексен спорт кој ги развива најважните моторички и кординациски вештини кај децата. Се развива брзината, агилноста, способноста за промена на правецот, експлозивноста - брзината на издржливост. Сите овие генералии позитивно влијаат на здравјето на детето, а подоцна се подготвени за бавење со било кој друг спорт.
Пријавувањето започнува од денес 7.3.2018 ( среда ) и трае до 13.3.2018 ( вторник ). Родителите можат да ги пријават своите деца на  следната електронска адреса: teniskaskola@eurolink.com.mk, со испраќање на генералии:

  • Име и презиме,
  • Податоци за возраста на детето,
  • Информација за неговата тежина и висина,
  • Контакт телефон од родителот.
На 14.3.2018 година (среда) во 18:00 часот, ќе се изврши селекција на пријавените кандидати која ќе ја врши професионален тренер по тенис, Круно Деспотовски, по претходно зададени критериуми од 10 фрлени најмногу погодени топчиња, оцена на техничко мислење, кој ќе избере 30 деца кои ќе имаат можност три пати неделно да ја посетуваат школата.
Тениската школа ќе трае од 23.3.2018 ( петок ) до 20.4.2018 ( петок ), секој петок со почеток од 18:00 часот, сабота и недела со почеток од 13.00 часот, на терените на Тенискиот центар МТП, до училиштето Ѓорѓи Димитров во Скопје.
Еуролинк на избраните кандидати ќе им овозможи бесплатни термини за тенис, брендирана опрема и тениски рекет. Сите деца што успешно ќе ја завршат тениската школа ќе добијат сертификат за учество, кои ќе им бидат доделени на завршниот час.
Во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност, годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување