Дата: 10.06.2016 - ПО ТРЕТ ПАТ КОНКУРС ЗА "ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА"

Author

Еуролинк осигурување, веќе традиционално, трет пат, распишува конкурс за учество во „Летната балетска школа“ за деца на возраст од 6 до 11 години.
Во период од 24 јуни до 15 јули 2016 година, во просториите на Македонска опера и балет, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ, децата бесплатно ќе изучуваат класичен балет и ќе можат да поминат дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање што го оформува телото, развива дисциплина и дава основа за добро здравје. Долгорочната цел е што повеќе деца да добијат шанса да ги откријат своите потенцијали и да добијат можност за правилен раст и развој во иднина.


„Традицијата ја продолжуваме и оваа година овозможувајќи забава и квалитетно организиран дел од распустот на дечињата. Задоволство е да се вложува во развојот на идни балерини кои подоцна својот талент и сон продолжуваат да го развиваат во оваа област. Балетските вежби, кои се специјално прилагодени на возраста на децата, помагаат да развијат чувство за координација, музикалност и за ритам, а атмосферата одлична за нови пријателства и многу дружење, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.
Родителите можат да ги пријават своите деца преку испраќање:

  • фотографија од своето дете,
  • податоци за возраста,
  • информација за неговата тежина и висина и број на балетанки,
  • информација за претходно балетско искуство на електронската адреса: letnabaletskaskola@eurolink.com.mk.
Пријавувањето започнува на 10 јуни (петок) и ќе трае до 17 јуни (петок).
Часовите ќе се реализираат три пати неделно (понеделник, среда и петок во термините од 18.00 до 19.00 прва група и од 19.00 до 20.00 втора група).
Сите деца што успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.
„Летната балетска школа“ на Еуролинк осигурување е активност во рамки на платформата за општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.
 
 
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување