Дата: 01.06.2017 - ПЛИВАЈ И УЖИВАЈ СО ЕУРОЛИНК

Author

Втора година по ред Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години. Поаѓајќи од позитивните искуства од минатогодишната школа, оваа година Еуролинк, освен во Скопје, школата ќе ја  реализира и во градовите Кавадарци и Битола под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.
Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за  8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.
Пријавувањето за летните пливачки школи започнува од:
Скопје од 1.6.2017 до 8.6.2017 година.
Битола од 26.6.2017 до 3.7.2017 година.
Кавадарци од 7.7.2017 до 14.7.2017 година.
Летните пливачки школи започнуваат од:
Скопје – Спортски центар „Борис Трајковски“ – прв час на 12.6.2017, последен час на 23.6.2017, секој работен ден од 11.00 часот;
Битола – Спортски центар „Император“ – прв час на  5.7.2017, последен час на 12.7.2017, секој ден од 10:00 часот;
Кавадарци – Градски базен – прв час на 17.7.2017, последен час на 24.7.2017, секој ден од 10.00 часот.
Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето учесник, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот и контакт-телефон на родителот.
Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Битола и Кавадарци  ќе се одржи  на  првиот час, и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. Наташа Мешковска, која ќе избере 40 деца за учество во една школа, на возраст од 7 до 12 години. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.
Еуролинк осигурување на избраните кандидати ќе им обезбеди пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина или сива боја.
Летната пливачка школа на Еуролинк е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк - Вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување