Дата: 06.03.2017 - ПРИВАТНО СЕМЕЈНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Е ТРЕНД КОЈ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА

Author

Еуролинк Осигурување започна да го нуди својот нов и уникатен осигурителен продукт, Семејно Приватно Здравствено Осигурување и за првпат во Македонија  овозможи производ за приватно здравствено осигурување за сите членови на едно семејство, со една заедничка полиса, по достапна месечна премија. Овој вид на осигурување е популарен во светот бидејќи со полисата за семејното приватно здравствено осигурување се обезбедува широк спектар на покритие на трошоци за лекување во сите приватни здравствени установи. Овој уникатен производ на Еуролинк Осигурување обезбедува едноставно и непречено користење здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во Република Македонија и во Европа по избор на клиентот, без ограничување.
Пакетот Семејно Здравствено Осигурување овозможува директна исплата на трошоците за лекување кон најдобрите приватните здравствени установи во државата за болничко лекување и лекување малигни болести како „Систина“, „Ремедика“, „Неуромедика“ и др.
Приватното Семејно Здравствено Осигурување нуди три вида на осигурување – Основно, Комфорт и Премиум, кои се движат од месечни премии за целото семејство од 1800, 2000 и 3350 денари.

Семејното здравствено осигурување овозможува хоспитализирање на осигуреникот, покривање на болнички трошоци за сместување во болничка соба, специјалистички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен, MRI-скеновите PET-скенови, хируршка операција, болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар, ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог, користење интензивна нега, користење на операциона сала и импланти. Со овој продукт се предвидуваат и трошоци за превентивни прегледи по избор на осигуреникот без претходна индикација и тоа: гинеколошки преглед, кардиолошки преглед, ЕКГ, комплетна дијагностика на гради, мамографија, уролошки преглед, интернистички преглед,  стоматолошки прегледи, офталмолошки прегледи и лабораториски анализи.

Информирајте се кај вашиот агент за осигурување или во центарот за поддршка на клиенти "Еуролинк 24" на (02) 15 888. 

Еуролинк Осигурување со промовирањето на овој тип на осигурување кое за прв пат се нуди во нашата држава прославува 15 години и грижа за највредните нешта во животот.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување