Дата: 16.06.2014 - ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА ЗА ДЕЦА ОД 9 ДО 11 ГОДИНИ

Author

Компанијата “Eуролинк осигурување”распишува конкурс за учество на летна балетска школа, за деца на возраст од  9 до 11 години, наменета за најмладите кои сакаат да го поминат летото исполнето со танц, забава и дружење.

Школата е организирана во рамките на корпоративната платформа за општествена одговорност „Еуролинк-Вашата врска со вистинските вредности“, во која избраните учесници бесплатно ќе имаат можност три седмици во текот на летотoда изучуваат класичен балет.

Целта на школата е да ги поттикне најмладите да го поминат дел од летниот распуст на корисен и забавен начин, стекнувајќи навика за вежбање, која го оформува телото, развива дисциплина и е основа за понатамошно здравје и убавина. Долгорочната цел е што повеќе деца да добијат шанса да ги откријат своите потенцијали и да добијат можност за нивно развивање во иднина.

 Школата ќе биде реализирана во музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски - Луј“ вo Скопје, од 25 јуни до 16 јули, под водство на познатиот професор по класичен балет, Горан Божинов, кој е вооедно e и уметнички директор на Балетот, при Македонската Опера и Балет.

Родителите можат да ги пријават своите деца за учество во школата преку испраќање на фотографија од своето дете и информација за неговата тежна и висина, на електронска пошта

eurolinkbaletskaskola@gmail.com. Пријавувањето е веќе во тек и ќе трае до20 јуни (петок).

Селекцијата на пријавените учесници ќе ја врши стручен балетски тим кој ќе избере 25 деца кои ќе имаат можност три пати неделно да ја посетуваат школата.

Часовите во рамките на летната балетска школа се дизајнсирани да ги воведат децата во основите на класичниот балет и да ги поттикнат нивните природни способности и афинитети. Сите деца кои успешно ќе ја завршат школата ќе добијат сертификат за учество и професионална балетска униформа.

За повеќе информации: www.facebook.com/eurolinkmk

 

Лице за контакт:

Билјана Жупаноска

zupanoska@newmoment.mk

071366540

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување