image


Финансиските средства не можат да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме

 

Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку поради несреќен случај настанат следните несакани последици:

 

Смрт од несреќен случај - незгода

Траен инвалидитет од несреќен случај - незгода (1)

Трошоци за лекување од несреќен случај - незгода

Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај - незгода  

 

Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.

 

Од незгода можете да се осигурате како поединец, како член на семејство и припадник на група.

Информирајте се подетално за можностите:

 

Индивидуално осигурување (повеќе...)

Осигурување членови на семејство (повеќе...)

Осигурување членови на семејство по посебни договори (повеќе...)

Осигурување возач и патници во моторно возило (повеќе...)

 

Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст, без разлика на професија и занимање може да стане наш осигуреник.

 

Побарајте совет од вашиот агент за осигурување за најсоодветното осигурување за вас.

 

_________________

(1)  Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел односно орган на телото според Табелата за определување процент на траен инвалидитет.

(2) Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето но не повеќе од 200 денови во една година).

(3) Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување кои според прописите на Законот за задолжително здравствено осигурување паѓаат на товар на осигуреникот, а најмногу до осигурената сума наведена во полисата) 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување