image


Одговорен возач е посветен на својата безбедност како и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Преку грижа за своето возило и одговорно однесување при управување со возилото се минимизираат ризиците за настанување несакан настан


Еуролинк Осигурување со своите квалитетни покритија од најчестите ризици и професионалната услуга во делот на обештетување обезбедува грижа за вашето возило и за вашата одговорност во управување со возилото во границите Република Македонија и надвор од нив.

 

Друштвото ги нуди следните видови осигурувања на моторни возила:

 

Осигурување на автомобилска одговорност

 

Со полисата од автомобилска одговорност можете да ги склучите следните дополнителни осигурувања:

 

  • Дополнително каско осигурување на стакла од кршење 

  • Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица во странство - Зелена карта

  • Дополнителното осигурување на возачи, патниците и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење моторни и други возила 

 

Каско осигурувањe на моторни возила

 

Контактирајте го вашиот агент за осигурување кој ќе ви понуди соодветно осигурување за вас или посетете ја нашата интернет продавница Е-ПОЛИСА и купете каско полиса за вашето возило.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување