image

Финансиските средства не можат да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме
 

Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку настанат следниве несакани последици:

 

  • Смрт од несреќен случај - незгода
  • Траен инвалидитет од несреќен случај - незгода  *
  • Трошоци за лекување од несреќен случај - незгода **
  • Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај - незгода    ***

 

Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигура и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.

 

Информирајте се подетално за можностите:

  • Колективно осигурување работници од последици на несреќен случај
  • Oсигурување членови на домаќинство на земјодлески производители
  • Комбинирано осигурување на пензионери
  • Осигурување лица при вршење на противпожарни и други спасувачки дејности
  • Осигурување членови на културно уметнички друштва
  • Осигурување ученици и студенти
  • Осигурување гости во хотели, мотели, кампови, бунгалови, бањски лекувалишта и сл.
  • Осигурување посетители на културно уметнички, спортски и други приредби
  • Осигурување туристи и излетници
  • Осигурување претплатници на струја, гас и сл.
  • Осигурување претплатници на списанија, вложувачи на штедења и сл.
  • Осигурување демонтери на мини, гранати и др ги експлозивни средства
  • Осигурување каскадери и лица кои учествуваат во акробации и други опани сцени при снимање на филмови од последици на несреќен случај
  • Осигурување лица за време на феријално летување, зимување и логорување
  • Осигурување ученици на курсеви за пливање и скијање
  • Осигурување гонители во лов
  • Осигурување нуркачи
  • Доброволно осигурување на патници во јавен сообраќај
  • Осигурување доброволни дарители на крв
  • Осигурување членови на планинарски сојуз
  • Осигурување членови на ловни и риболовни организации

 

Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст без разлика на професија и занимање може да стане наш осигуреник.

 

Дефиниција за несреќен случај согласно со условите за осигурување

Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица целосен и делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа, нарушување на здравје кое бара лекарска помош и смрт.

 

Од незгода можете да се осигурите како поединец, како член на семејство и припадник на група.

 

Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба кои професионално ќе го оценат ризикот на кој се изложени вашите вработени односно членови и ќе го понудат најадектватното покритие со ризици со кои се обезбедува заштита.

_________________

* Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел односно орган на телото според Табелата за определување на процент на траен инвалидитет.

** Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето но не повеќе од 200 денови во една година).

*** Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување што според прописите на Законот за задолжително здравствено осигурување паѓаат на товар на осигуреникот, а најмногу до осигурената сума наведена во полисата)

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување