image

Глобализацијата на пазарот, во услови на сè поинтензивен технолошки развој и зголемување на бројот на деловни субјекти, го изострува прашањето на одговорноста за надомест на штети предизвикани при вршење на дејноста


Сите правни субјекти на пазарот, друштва, јавни претпријатија, установи и самостојни вршители на дејност се подеднакво одговорни спрема субјектите со кои остваруваат деловен однос, како и спрема трети лица*, доколку, вршејќи ја својата дејност, предизвикаат штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на имотот на трето лице или предизвикаат финансиски загуби.

 

Ако ризиците во работењето, во крајна линија, не можеме секогаш да ги избегнеме, нивните економски последици секако можеме.

 

Затоа постои осигурувањето од одговорноста, општа и професионална, преку кое осигурувачот ги презема вашите обврски за надомест на причинетата штета.

 

Контактирајте со вашиот агент за осигурување за понуда за осигурување од одговорност и најсоодветно покритие во вашата полиса.

 

 

_______________

Трети лица се сите лица кои не се страна во договорот за осигурување, односно не се: договарач на осигурувањето, осигурувач и осигуреник. Во смисла на овие услови, не се сметаат за трето лице:

  1. вработените, односно секое физичко лице кое е во работен однос кај осигуреникот -работодавач,како и секое друго физичко лице кој и да е основ обавува работа, или се оспособува за работа кај осигуреникот, како и членовите на органи на управување, органи за надзор и други одговорни лица во состав на осигуреникот, и нивните брачни другари и блиски роднини;
  2. брачниот другар и останатите членови на домаќинството и останатите лица кои осигуреникот е должен да ги издржува.
  3. лица поврзани со капитал (акционери, брачни другари и блиски роднини на акционерите и други лица со потполно, контролно или значително учество во капиталот на осигуреникот)

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување