image

Вашиот бизнис, било да е во сферата на производство, трговија или услуги, е највреден за вас и мора континуирано да функционира

Управувањето со компанијата е предизвикувачка задача која во секојдневното работење бара внимателно планирање, организирање, водење  и контрола. Секој стопанственик кој е свесен за можните влијанија на природните и други опасности во работењето, настојува да ја намали изложеноста на својата компанија преку пренесување на делот на ризикот на осигурителното друштво.

Ценејќи ги вашите вложувања во деловните капацитети, опремата и вработените, со крајна грижа пристапуваме кон вашиот имот и нудиме целосно осигурување на вашиот бизнис.

Изложеноста на поединични ризици, помеѓу другото зависи и од дејноста, локацијата во која компанијата се наоѓа. Затоа, за обликување на осигурителниот продукт потребно е да се согледаат повеќе различни фактори. Со осигурувањето на Вашиот имот, го намалувате влијанието на некој од осигурените штетни случувања врз Вашето работење.

Ви нудиме осигурување на целокупниот имот од најзначајните ризици на кои е секојдневно изложен

 

  • Осигурување од пожар и некои други опасности (повеќе...)
  • Осигурување на машини од кршење (повеќе...)
  • Осигурување на компјутери (повеќе...)
  • Осигурување на стакло од кршење (повеќе...)
  • Осигурување на прекин на работа (повеќе...)
  • Осигурување на објекти во градба  (повеќе...)
  • Осигурување од кражба и разбојништво (повеќе...)
  • Осигурување на објекти во монтажа (повеќе...)

 

Контактирајте со Секторот за осигурување и Секторот за продажба каде во целост ќе ви биде претставена нашата понуда и воедно, посочено најсоодветното осигурување за вас и вашиот бизнис.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување