
Еуролинк Осигурување го обезбедува вашиот дом и вредните нешта во вашиот живот и со полисата за домаќинско осигурување ви гарантира “кров над глава” во критични моменти.
Во зависност од вашите потреби и можности можете да изберете осигурување само од основни ризици или истите да ги проширите со дополнителните ризици.
Основни ризици:
- Пожар и удар од гром
- Експлозија
- Луња и град
- Манифестации и демонстрација
- Излевање вода од водоводна и канализациона инсталација
- Паќање на воздушни летала
- Провална кражба и разбојништво
- Одговорност кон трети лица
- Трошоци за нужно сместување
Дополнителни ризици:
- Поплава, порој и високи води
- Слегнување на земјиште
- Снежна лавина
- Земјотрес
- Стакло од кршење
Со полисата за домаќинско осигурување осигурени се градежниот објект, мебелот, како и техничката и компјутерската опрема.
Според висина на покритијата и вашите можности креиравме 3 вида на полиси за домаќинско осигурување: СТАНДАРД, КОМФОР и МЕГА
Во табелата се дадени покритијата за секој од видовите посебно.
ШТО Е ОСИГУРЕНО? |
СТАНДАРД |
КОМФОР |
МЕГА |
Уметнички слики и скулптури |
До 300 евра |
До 1.000 евра |
До 2.000 евра |
Техничка опрема |
До 500 евра |
До 700 евра |
До 900 евра |
Нужно сместување |
До 750 евра |
До 1.200 евра |
До 2.000 евра |
Провална кражба и развојништво |
До 1.000 евра |
До 6.500 евра |
До 7.500 евра |
Пари и други скапоцености во заклучени сефови |
До 150 евра |
До 300 евра |
До 500 евра |
Пари во незаклучени сефови |
Х |
Х |
До 100 евра |
Оружје со уредна дозвола |
Х |
До 500 евра |
До 500 евра |
Накит и други скапоцености во заклучени сефови |
Х |
До 250 евра |
До 1.500 евра |
Промена на брава во случај на изгубени клучеви при штетен настан |
Х |
До 100 евра |
До 200 евра |
Ненаселени објекти и викендици |
Со 50% доплаток |
Со 50% доплаток |
Не се осигуруваат |
Трошоци за копање и замена на цевка |
Х |
Х |
До 200 евра |
Вредност на опремата (непопишан имот) |
Мин 30% Маx 70% |
Мин 30% Маx 80% |
Мин 30% Маx 100% |
За полиса за осигурување на вашиот дом контактирајте го вашиот консултант за осигурување, контакт центарот "Еуролинк 24" на телефонскиот број 02 15 888 или на е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk.