image

Каско осигурување обезбедува целосна заштита на вашето моторно возило од речиси сите ризици на кои е изложено

Со цел обезбедување најсоодветно покритие за вашите потреби, дизајниравме повеќе пакети за каско осигурување со различни опции за покриените ризици.

 

  Потполно каско осигурување ги покрива штетите настанати од:
 

  • Сообраќајна незгода (превртување, удар, лизгање, урнување)
  • Удар од моторно возило додека вашето возило е во мирување – паркирано или запрено
  • Пожар и удар на гром
  • Експлозија
  • Луња и град
  • Снежна лавина
  • Летала
  • Манифестации и демонстрации
  • Провална кражба, разбојништво и одземање моторно возило
  • Злонамерни постапки на трети лица
  • Оштетување на тапацирот во возилото при давање помош на повредени лица
  • Поплава, порој и високи води

 

Со посебно договарање и доплата може да се договори:
 

  • Осигурување дополнителна опрема
  • Осигурување на трошоци за некористење возило

 

Согласно со индивидуалните потреби и ризици на кои сте изложени дизајниравме каско производи со ограничено покритие и по пониски цени:

 

  • Потполно каско осигурување без ризик кражба
  • Потполно каско осигурување без ризик сообраќајна незгода (ДОБАР ВОЗАЧ)
  • Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици
  • Делумно каско осигурување од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба
  • Делумно каско осигурување од ризик кражба
  • Делумно каско осигурување само за време на мирување

 

Со продажба на возилото, осигурувањето не се префрла на новиот сопственик.

Стариот сопственик има право на поврат на премија за неискористениот дел од полисата. (неискористениот дел да е период подолг од 30 денови).

 

Контактирајте со вашиот консултант за осигурување кој во целост ќе ви ја претстави нашата понуда и воедно ќе ви го посочи најсоодветното осигурување за вас.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување