image

Со купување каско полиса од Еуролинк Осигурување, по конкурентни цени добивате целосно покритие на вашиот пловен објект


ЗОШТО КАСКО ПОЛИСА ОД ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?

 

  • Најшироко покритие на ризици
  • Стекнат бонус за немање штети кај друг осигурувач се презема во Еуролинк Осигурување
  • Попуст за поседување полиса од одговорност на пловен објект од Еуролинк Осигурување
  • Едноставна и брза процедура до каско полиса и нејзина достава до место по ваш избор, локација што вам ви одговара
  • Реално, целосно и брзо обештетување
  • Можност за плаќање на 12 рати без камата

 

Дополнително покритие:

 

  • Осигурување пловен објект за време на изнајмување
  • Осигурување ризик кражба на пловен објект за време на    изнајмување
  • Покритие за време на регати 
  • Покритие за време на нормален презтој во марина или бродоградилиште заради одржување, сервисирање или поправка
  • Трошоци за вадење и отстранување на олупината на пловниот објект или неговите делови

 

ПОТПОЛНО КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ ги покриваат штетите настанати од:

 

  • Пловидбена или сообраќајна незгода, како на пример: превртување, судар,  удар,  насукување и слично
  • Пожар
  • Луња (под луња се смета ветер со брзина од 17,2 м/сек, односно 62 км на час (јачина од 8 степени по Бофоровата скала) или повеќе);
  • Удар на гром
  • Град
  • Снежна лавина (со осигурувањето се опфатени и штети предизвикани од дејство на воздушен притисок од снежни лавини)
  • Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија
  • Паѓање на некој или удар од некој предмет
  • Кршење на јарбол или кинење на едра
  • Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
  • Паѓање на воздушни летала
  • Манифестации и демонстрации
  • Провална кражба, кражба, противправно одземање на возило и разбојништво
  • Злонамерни постапки или обест на трети лица
  • Оштетување на осигурениот предмет предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во поморска или сообраќајна несреќа или на некој друг начин
  • Намерно предизвикување штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица
  • Вонбродски мотор освен доколку истиот е обезбеден (заклучен) со челичен ланец со дебелина од најмалку 5 мм или друга соодветна механичка заштита

 

Со продажба на пловниот објект, осигурувањето не се префрла на новиот сопственик.

 

Стариот сопственик има право на поврат на премија за неискористениот дел од полисата. (неискористениот дел да е период подолг од 30 денови).

 

Контактирајте со вашиот консултант за осигурување за висина на премија за осигурување на вашиот пловен објект и изготвување полиса.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување