EUROCARE- ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРВНА ЗАШТИТА

За првпат во Македонија, Еуролинк Осигурување во соработка со *GBG(Global Benefits Group), нуди ексклузивен продукт EUROCARE - ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ. Наменето е за секој граѓанин, вработен на полно работно време  кој е дел од задолжителниот здравствен систем.  Овој уникатен пакет нуди сеопфатни приватни здравствени услуги во сите земји од светот, без ограничување и исклучиво по избор на клиентот.  Максималните покритијасе движат до 5.000.000 еур, а можетеда одберетепакети и територијално покритиеспоред вашителични потреби.

ШТО Е ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Приватното здравствено осигурување ги покрива сите медицински трошоци на осигуреникот и тоа:

  • Лечење во приватни клиники
  • Избор на лекар и на клиника (во било која земја, по ваш избор)
  • Договарање на термин кој вамви одговара
  • Користење на здравствени услуги без упат од матичен лекар, без чекање на покритие од партипацијата и без доплата за лекови од листата на ФЗО
  • Здравствени услуги без ограничување во зависност од типот на прегледот
  • Годишна премија за користење на здравствени услуги според сопствените потреби
  • Можност за индивидуална и групна полиса
  • Можност за вклучување на брачни другари до 70 години (обновување до 75 години)
  • Можност за вклучување на издржувани лица до 21 година (24 години за студенти)

ШТО ОПФАЌА ЕУРОЛИНК & ГБГ ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Полисата за ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедува покритие за непредвидени здравствени проблеми, појавени по датумот на станување корисник на осигурувањето. Во одредени околности, може да се понуди и покритие за заболувања кои постоеле пред датумот на склучување на полисата, во договор со претставникот од Еуролинк осигурување.

КАКО ДА СТАНЕТЕ КОРИСНИК НА ПРВОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ?

Откако ќе го пополните информативниот медицински прашалник ќе добиете основа за утврдување на вашата годишна премија за осигурување. Претставник од Еуролинк Осигурување ќе ви предложи најсоодветна понуда со покритие и премија. По прифаќање на понудата, ќе ви биде доставена полиса за доброволно здравствено осигурување.

 

ЧЕТИРИ ПАКЕТИ ЗА ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

ОСНОВЕН ПАКЕТ

  • Итно евакуирање, 24-часовни здравствени информации и консултации;
  • Сеопфатно покритие за здравствена помош и репатријација;
  • Покритие за сите хоспитализирани пациенти и дневен надомест за болнички престој и
  • дополнителни услуги, вклучително и трошоци за специјалисти, хирурзи и анестезиолози;
  • Терапии – радиотерапија, хемотерапија, онкологија и физиотерапија.

СРЕБРЕН ПАКЕТ - се од основен пакет и дополнително:

  • Ограничено амбулантно лекување (консултации, лекување и издавање лекови со рецепт)
  • Хронични заболувања;·     
  • Алтернативно здравствено лекување.
  • Киропрактика, остеопатија, хомеопатија и кинеска медицина
  • Обемни парични надоместоци за хоспитализирање и закрепнување.
  • Итен стоматолошки третман.

ЗЛАТЕН ПАКЕТ - се од сребрен пакет и дополнително:

  • Хомеопатски лекови;
  • Психијатриска грижа и физичка рехабилитација по хоспитализирано лекување;
  • Неограничени амбулантни надоместоци;
  • Домашна нега.

ПЛАТИНЕСТ ПАКЕТ- се од златен пакет и дополнително:

  • Годишни здравствен прегледи;
  • Рутински стоматолошки третман и поправки;
  • Рутинско породување.

ИСКЛУЧОЦИ

  • Трошоци кои го надминуваат вообичаениот износ
  • Козметичка хирургија и хирургија по избор
  • ХИВ

 

СЕРВИСИРАЊЕ НА ШТЕТИ ШИРУМ СВЕТОТ

Како корисник на EUROCARE- ПРВО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Вие добивате картичка за идентификација од ГБГ и Еуролинк.  Доволно е само да ја покажете картичката за идентификација во било која здравствена установа по ваш избор и услугата ќе ви биде овозможена. Понатаму, здравствената установа - давателот на услугата,  директно доставува фактура до ГБГ и Еуролинк.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување