image

Задолжително осигурување патници во јавен сообраќај


Со ова осигурување се обезбедува заштита на патниците во јавен превоз од последици на несреќен случај - незгода во случај на смрт, преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување како и трајно губење на општата работна способност пропишани со Законот за задолжително осигурување во сообраќај.

 

При регистрација на возила со кои се врши јавен превоз на патници, правното лице кое е овластено да обавува јавен превоз на патници, задолжително купува полиса за задолжително осигурување патници во јавен превоз.

 

Осигурувањето важи за секое лице кое  заради патување се наоѓа во едно од средствата за јавен сообраќај, како и лицата кои се наоѓаат во станичниот простор, пристаништето или во непосредна близина на превозното средство пред влегувањето односно излегувањето, за кое ќе се докаже дека имало намера да патува со односното превозно средство и лица кои за време на престојот на возилото во станицата или на местото одредено за влегување и излегување на патниците обавуваат некаква службена работа во врска со работењето со возилата и тоа било на самото возило или вон него.

      

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување