image

Успехот на секоја компанија зависи од луѓето што го водат бизнисот, а само човек кој е растоварен од грижата за финансиската стабилност на своето семејство може безрезервно да се посвети на работата
 

Светските истражувања утврдиле дека менаџерите кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат обезбедуваат постојан раст на бизнисот а задоволството произлегува пред сè од чувството на сигурност што компанијата го обезбедува за својот менаџер.
 

Обезбедете бонус за вашиот менаџер, а воедно заштитете го него и неговото семејство за најтешките моменти во животот со полисата за менаџерско осигурување.
 

Со полисата за менаџерско осигурување се покриени следниве ризици:
 

  • Смрт од последици на несреќен случај (незгода)
  • Смрт од болест
  • Траен губиток на општата работна способност (инвалидитет) од последици на несреќен случај (незгода)
  • Преодна неспособност(дневен надомест) како последица на несреќен случај (незгода)
  • Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)
  • Бонус - дел од премијата се враќа доколку не настанала смрт или траен инвалидитет
     

  Ова осигурување е наменето за:

  • Членови на надзорен и управен одбор и останати раководни лица во организации
  • Раководители и менаџери во државни и управни органи
  • Раководители во финансиски институции
  • Раководители на здравствени, научни, образовни, спортски и други организации
  • Претседатели на политички партии
  • Сите кои извршуваат работи со посебни овластувања и одговорности во организации

 

Склучете менаџерско осигурување: трасирајте го патот за успех за Вашата компанија!!!

Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба кои ќе го понудат најадекватното покритие со цел обезбедување целосна заштита.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување