image

Ова осигурување ги покрива сите загуби или оштетувања на осигурената стока, настанати  како  непосредна  последица  од  сообраќајна  незгода, елементарни непогоди, оштетување на стоката при паѓање колети од возилото, пожар, експлозија на мотор или бензиски резервоар, неиспорака, делумна кражба,  кражба на целиот товар, разбојништво, одронување, штети настанати при натовар и растовар на стоката и сл. 

Со полиса за осигурување на стоки во транспорт се покриени следниве ризици:

 

Расипување расипливи стоки (овошје, зеленчук, млечни производи, месо и сл.)

  •  Смрзнување, стврднување, одмрзнување и сл.
  •  Самозапалување и самоексплозија
  •  Кршење лесно кршливи стоки (стакло, порцелан, керамика, мермер и сл.)
  •  Угинување животни
  •  Превоз на пари, валути, племенити метали, реткости и сл.
  •  Превоз на вонгабаритни стоки
  •  Превоз на стоки што не се фактурираат (амбалажа, стока на консигнација, интерен превоз)
  •  Предмети тешки над 20 тона
  •  Течење масло кај трансформатори
  •  Кусок од непознати причиини
  •  Превоз и пренос на скапа опрема (предаватели и сл.) на место на монтажа

 

Исклучени ризици:

  •  Лоша намера или груба небрежност од страна на осигуреникот
  •  Не постоење и недавање упатства за начинот на превозот од испраќачот и осигуреникот
  •  Користење несоодветни средства за превоз на дадената стока
  •  Не соодветно или неправилно пакување, товарење, редење и недоволно заштитени стоки во превозното средство
  •  Пропусти на осигуреникот - испраќачот или приемачот и неговите работници и лица кои работат по негов налог
  •  Пропуштање да се дадат јасни упатства на превозникот или возачот во врска со начинот на превозот што го бара дадената стока
  •  Непочитување на законските мерки при превоз на пратки кои го надминуваат пропишаниот габарит и тежина
  •  Неправилна и неточна декларација на стоката 
  •  Штети од незапазен договорен рок за отпрема и прием на пратките
  •  Штети што ќе ги предизвика превозникот, а осигуреникот не го сочувал регресното право спрема него
  •  Штети од нуклеарна енергија и радијација
  •  Штети од војна и штрајк вклучително со тероризам

 

За подетални информации контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување