image

За значењето и неопходноста на осигурувањето од одговорност укажува и законодавецот кој за вршењето на многу професии пропишал обврска за осигурување од одговорност


Осигурете ја вашата професионална одговорност кон клиентите, како и  кон трети лица за надомест на штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, оштетување или уништување на имотот или предизвикување финансиска загуба.

 

Осигурување од професионална одговорност е наменето за сите правни лица кои вршат главно интелектуални услуги во прометот – агенциски или застапнички услуги,  услуги на економска пропаганда, комисиони услуги, приредување саеми и стопански изложби, контрола на квалитет или квантитет на стоки, истражување пазар, консултантски услуги  и друго.

 

По посебни услови се осигуруваат определени професии и дејности за кои осигурувањето од одговорност е задолжително: 
 

  •  Проценители       
  •  Сметководители     
  •  Нотари      
  •  Адвокати       
  •  Извршители      
  •  Ревизори       
  •  Стечајни управници   
  •  Брокери      
  •  Туристички агенции       
  •  Геодети    
  •  Здравствени работници – лекари, аптеки        
  •  Клинички испитувања

 

ШТО НАДОМЕСТУВА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ?

Врз основа на полисата од професионална одговорност, Еуролинк Осигурување обезбедува правна помош и заштита на осигуреникот во судската постапка, ќе ги исплати основаните барања за надомест на штета, и ќе ги надомести трошоците на судската постапка.

 

ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ?

 

  •  Заради финансиската стабилност: планирајте ги трошоците на работењето, можните загуби не се планираат
  •  Посветете се на дејноста: економската и правната заштита препуштете ја на експертите
  •  Заради сигурност во работењето: ако ризиците во работењето секогаш не можат да се избегнат, одговорноста за нив секогаш може да се осигура

Контактирајте со вашиот агент за осигурување за понуда за осигурување од одговорност и најсоодветно покритие во вашата полиса.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување