image

Со осигурување објекти во градба се покриени штети што ќе настанат на:
 

  • Градежни објекти во градба, подразбирајќи под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.)
  • Градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и сета опрема што е наменета исклучително за вградување во осигурениот објект во градба
  • Градежна опрема и помошни објекти што се опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба и служат за изградба на градежниот објект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници, ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите што претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот

 

Ако посебно се договори и ако се пресмета посебна премија, со осигурување можат да се опфатат:
 

  • Веќе постоечките објекти на кои се врши реконструкција (поправка, доградба, надградба, адаптација и сл.)
  • Делови на објектот во градба, односно пооделни градежни и занаетчиски работи кои ги презел изведувачот на работите
  • Помошен градежен материјал и алат во употреба
  • Градежна опрема и помошните објекти што служат за изградба на градежниот објект и коишто воопшто не се, или не се во целост, опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба
  • Стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на крајбрежјето
  • Ствари на работниците
  • Трошоци за исполнувањето на процепите (шуплините) преку профилот предвиден со проект, потребни за доведување на оштетениот објект, односно работите во првобитна состојба (осигурување на договорена сума на прв ризик)
  • Деловно-техничка документација, вклучувајќи ја и градежната книга (осигурување на таксирана вредност)

 

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од основни ризици:

  • Пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, слегнување на земјиште
  • Градежна незгода
  • Невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице

 

Доколку посебно се договори и пресмета дополнителна премија, може да се осигураат следниве дополнителни ризици:

  • Поплава и порој, висока вода и подземна вода
  • Лизгање на земјиште
  • Одронување на земја
  • Уривање на земјиште
  • Одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи
  • Договорна одговорност на изведувачот на градежните работи во гарантниот рок
  • Провална кражба


Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, каде во целост ќе ви биде претставена нашата понуда, и, воедно, посочено најсоодветното осигурување за вас и вашиот бизнис.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување