image

Со осигурување објекти во монтажа се покриени штети што ќе настанат на: 
 

  • Металните конструкции со машинска и електро опрема или без неа;
  • Машините, машинската и електро опрема, инсталации и апарати, како и основите и темелите, доколку нивната вредност е содржана во вредноста на објектот во монтажа;
  • Монтажната опрема и помошните објекти, што се опфатени во пресметковната вредност на објектите во монтажа и служат за монтажа (скелиња, помошни згради, брани, дрвени или ѕидани складишта, работилници, мензи) освен стварите што претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите односно осигуреникот
  • Градежниот дел што се гради исклучително за потребите на објектите во монтажа, а неговата вредност е во целост опфатена во пресметковната сума на објектот во монтажа

 

 Доколку посебно се договори и се пресмета посебна премија, со осигурувањето може да се опфатат и:

  • Веќе постоечките објекти на кои се обавуваат монтажи, поправки, ремонти, санации и сл.
  • Помошен материјал и алат во употреба за изведување на монтажа
  • Монтажна опрема и помошните објекти што служат за монтажа и коишто воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во монтажа
  • Стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода, ствари на нив за време на монтажата на вода или останато
  • Ствари на работниците
  • Деловно-техничка документација, вклучувајќи ја и книгата за монтажа(осигурување на таксирана вредност)
  • Основи и темели доколку не се содржани во вредноста на објектот во монтажа

  Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од основни ризици:

  • Пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, одронување на земјa, слегнување на земјиште, лизгање на земјиште
  • Монтажна незгода
  • Невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице

 

  Доколку посебно се договори и пресмета дополнителна премија, може да се осигурат и следниве дополнителни ризици:

  • Поплава и порој, висока вода и подземна вода
  • Одговорност од дејност на изведувачот на монтажните работи
  • Договорна одговорност на изведувачот на монтажните работи во гарантниот рок
  • Провална кражба

  Осигурени се само оние опасности што се наведени во полисата и за кои е пресметана дополнителна премија. 

 

Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба каде во целост ќе ви биде претставена нашата понуда, и, воедно, посочено најсоодветното осигурување за вас и вашиот бизнис.

 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување