ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА КЛИЕНТИТЕ
 
Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во ЕУРОЛИНК осигурување АД Скопје.
Политиката за приватност на клиентите на ЕУРОЛИНК осигурување АД Скопје (Друштвото) ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации. Оваа Политика е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област.

Кои информации ги собираме?
 
Ние собираме личните податоци за Вас, од кои дел се личните податоци кои Вие доброволно ги давате при посета на нашата страница и користење на нашите on-line услуги и поволности, додека другиот вид на податоци кои ги собираме за посетителите на нашата страница се т.н. пасивни податоци или податоци кои не се лични и кои се условени од природата на интернетот (технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред, грешките и активноста на хардверот).
 
За што ги користиме собраните податоци ?
 
Информациите кои ги собираме може да се користат заради повеќе причини и тоа:

  • Да Ви ја обезбедиме бараната услуга, при што Ве идентификуваме;
  • Да обезбедиме грижа за клиентите;
  • Да Ве прашаме за мислење во врска со видовите на осигурување кои ги нудиме и евентуално за спроведување на анкети;
  • Да ги олесниме и проследиме Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со видовите на осигурување;
  • Да реализираме наградни игри, натпревари и други промотивни понуди;
  • Да ја разгледаме можноста за Ваше вработување доколку се обратите кај нас преку веб-страницата и аплицирате за работа во Друштвото;
  • Помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите.
 
Дополнително собраните податоци се користат за:
  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.
 
Споделување на информации
Друштвото не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон. Друштвото не врши пренос на личните податоци надвор од територијата на Република Македонија.
 
Маркетинг
Преку нашата интернет страница имате можност да бидете во тек со сите активности кои се во тек или се во најава и со тоа да бидете навремено информирани и во предност пред другите. Затоа, Ви се нуди можност да изберете да добивате разни известувања од наша страна на вашиот e-mail. Овие известувања може да содржат, на пример, податоци за нашите најнови производи, услуги и новини.
Добивањето на известувања од Друштвото може да ги откажете во секое време, на едноставен начин со следење на чекорите за одјавување од нашата т.н. „mailing“ листа. Клиентите кои имаат креирано личен профил т.е. корисничка сметка, имаат опција да ги изменат и/или избришат своите лични податоци.  
Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации
 
Работењето и постапувањето на Друштвото во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци. Во Друштвото се спроведени повеќе редовни контроли од страна на надлежни државни органи, редовни внатрешни контроли, како и контроли од надворешни трети независни правни лица.
 
Колачиња („Cookies”)
 
Cookies” се мали текстуални фајлови со податоци, коишто може да бидат снимени на вашиот хард диск од страна на некои веб страници кои ги посетувате.
Ние користиме “Cookies” со цел подобрување на корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Друштвото, како и за анализа на податоците за статистички цели. Друштвото ги чува „Cookies“ до исполнување на целите за кои се собрани. Друштвото користи Google analytics како екстерен бројач на посети. Резултатите од овој бројач не се јавно достапни и се користат исклучиво за интерни статистички анализи. 
 
Веб продавницата Е- полиса
           Со цел задржување на приматот на најиновативна осигурителна компанија, Друштвото ја нуди можноста за купување на полиса за осигурување on-line. Основен услов за користење на веб продавницата Е-полиса е доставување на сите податоци од клиентот кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето, со што клиентот се согласува со собирање на податоците и нивното користење, како и да изврши плаќање на премијата во целост со платежна картичка. При on-line купување на полиса, Друштвото ги собира само оние податоци за договарачот на осигурување и осигуреникот, кои се неопходни за склучување на договорот за осигурување согласно со Законот за супервизија на осигурувањето.
 
Прифаќање на условите
 
       Со користењето на оваа веб страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Друштвото.
 
Доколку не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете нашата веб страница.

Контактирајте не

       Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Друштвото при користењето на нашата веб страница, ве молиме контактирајте нè на ул.„Никола Кљусев“ бр.2, Скопје, офицер за заштита на личните податоци Ангел Наковски, тел: 02/3298-333 или на eurolink@eurolink.com.mk.  
 

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување