image

“ЕУРОЛИНК – ВАШАТА ВРСКА СО ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“
Ви претставуваме само дел од реализираните активности во рамки на платформата за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“.

ЛЕТНА БАЛЕТСКА ШКОЛА – ЈУНИ 
Еуролинк осигурување веќе традиционално, по третпат организира “Летна Балетска школа” за класичен балет, за деца од 6 до 11 години кои во период од 1 месец, под водство на Горан Божинов, првенец на МОБ.
 Целта е да се помогне на дечињата да го откријат и развијат својот талент а воедно летниот распуст да го поминат активно, да се дружат и да се забавуваат.
Уживајте во танцот на малите балерини на следниот линк:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=715351928524203

КОНКУРС  ЗА “ЕУРОЛИНК СТИПЕНДИЈА” – ЈУНИ 
Веќе трета година, компанијата распишува конкурс за “Еуролинк стипендија”. Секоја година 30 студенти на додипломски и постдипломски студии на Правниот факултет “Јустинијан Први” имаат можност да станат добитници на оваа стипендија. Конкурсот се распишува секоја година на 15 јуни и трае до 15 септември. Доделувањето на стипнедиите е во месец октомври.
Погледнете ги стипендистите во 2015 година на следниот линк:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/pcb.954710111255049/954709787921748/?type=3&theater

СЕ ДРУЖИМЕ И ПЛИВАМЕ СО ПРОФ. Д-Р НАТАША МЕШКОВСКА И ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ” – МАЈ 
Во месец мај, Еуролинк осигурување организира бесплатно пливање на ВИП Пливачкиот базен – Спортски Центар Борис Трајковски во Скопје  под раководство на професионалниот тренер проф. Д-р Наташа Мешковска.
Триесетина деца на возраст од 8 до 10 години, во период од еден месец, пливаат, уживаат и склучуваат нови пријателства а воедно и ги подобруваат своите пливачки вештини.
Споределуваме дел од пријатната атмосфера на базенот на следниот линк:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=1080428682016524

 ЗИМСКА ЛИЗГАЧКА ШКОЛА – ФЕВРУАРИ/МАРТ 
Еуролинк осигурување овоможува бесплатно учество на 35 дечиња во “Зимската лизгачка школа” под водство на професионален тренер по уметничко лизгање Ксенија Јаштешењски – Симиќ.
Годинешната школа се организира втора година по ред на лизгалиштето во СЦ “Борис Трајковски” и е единствен проект од ваков вид во земјава со кој се овоможува совладување на основните техники на уметничкото лизгање и активно спортување во текот на зимскиот период.
Почувствувајте ја атмосферата и разгледајте ја галеријата на слики од оваа активностhttps://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=844975808895147
 
НОВА ЧИТАЛНА ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ДЕКЕМВРИ 2015
Еуролинк донираше 8.500 евра за модернизирање на читална и библиотека во студентскиот дом ”Гоце Делчев”. Простор со површина од 160 квадратни метри, во блокот Б, на 6-ти кат доби комплетно модерен лик со нов инвентар- маси, столици и библиотека.
Погледнете ја новата читална и библиотека на следните линкови:
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8720.JPG
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8750.JPG
/admin/admin_web/ckeditor/ckfinder/userfiles/images/PFZ_8785.JPG

МАПА НА КУЛТУРАТА – ОКТОМВРИ  
Оваа активност претставува неколкучасовна пешачка тура со професионални водичи со посета на познатите културно – историски локации во градското јадро на главниот град.
 Над двеста граѓани ги посетуваат: Музејот на македонската борба, Спомен-куќата на Мајка Тереза, како и Старата скопска чаршија, со објектите Куршумли Ан, Чифте Амам, Капан Ан, Даут Пашин Амам...кои се вклучија во проектот и чиишто кустоси ги водеа посетителите низ постојните музејски поставки.
Со вас споделуваме моменти од прекрасната активност:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=948188388573888

ОРАТОРСКА ВЕЧЕР ИВО ПУХАН - ДЕКЕМВРИ
Еуролинк осигурување традиционално се јавува како поддржувач на  Ораторската вечер при Правниот факултет “Јустинијан Први”. Зaради големиот интерес за финалето на ораторските вечери, компанијата овозможи пренос во живо преку новата интернет – страница на Клубот на оратори, www.klubnaoratori.mk, изработена со целосна поддршка на Еуролинк осигурување.
 

ДЕНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА – ОКТОМВРИ/НОЕМВРИ 2014
Во период од 15 октовмри до 15 ноември 2014 година љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци учествуваа во фото – натпревар со наслов “Емотивната страна на културата”со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно – уметнички и забавни манифестации.
На најдобрите три фотографии им беа доделени вредносни ваучери.
Воедно беа селектирани 30 слики и претставени пред јавноста на изложба од продажен карактер а собраните средства од продадените слики беа донирани во одделот на Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште “Лазар Личњеноски” во Скопје.
Погледнете ја изложбата на фотографии на следниот линк:
https://www.facebook.com/eurolinkmk/photos/?tab=album&album_id=789003621159033

ПАРТНЕРСТВО СО РЕНОМИРАНИОТ ФЕСТИВАЛ “ОХРИДСКО ЛЕТО”
ПОВЕЌЕГОДИШНО ПРИЈАТЕЛСТВО СО МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
ПОВЕЌЕГОДИШНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување