Еуролинк Осигурување АД континуирано поддржува значајни културни и спортски настани, помага институции во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, притоа промовирајќи ги универзално прифатените вредности за одговорноста кон околината во која работи.

Во продолжение се дадени поддржаните проекти и настани во текот на 2018 година.

Култура
1. Здружение на џез музичари и слободни уметници ЗЏМ Скопје Спонзор на Манифестацијата ,, Денес се е џез 2018''
2. Здружение на граѓани ѕа промоција и раѕвој на Културата МОДОАРС  Спонзорство ѕа концертот на  Acoustic Electronics во иѕведба на Ема Попивода
3. Друштво за филмска продукција, дистрибуција, маркетинг, трговија Стримон Филм Спонзор на изложбата на фотографии,, Моја Скопска приказна''.
4. Дуке Бојаџиев Спонзор на Концертите ,, Сон, Верба, Љубов'', на Дуке Бојаџиев во Македонската филхармонија. 
5. Илија Стефановски Спонзорство за учество на Берлинската модна недела 2018
6. Младински Културен центар Спонзорство за печатење на каталог за изложба
7. Друштво за маркетинг услуги Риборн Студиос  Генерален спонзор на мултимедијалниот настан ,, Музеј Дебар Маало''.
8. ИКОН Спонзорство за организирање на ликовна колонија
9. Нова Травел Спонзорство за музичко поетскиот настан на Иван Босиљчиќ со наслов ,, Неколку стихови за нас''
Oбразование и детска заштита  
1. Здружение на студенти од Медицинскиот факултет: Европска Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија Спонзорство на Европското генерално собрание на ЕМСА.
2. Универзитет СВ. Кирил и Методи - Филозофски Факултет Спонзорство на 4-от том од петтомната едиција ,, Историја на жените на западот''.
3. Здружение на граѓани Европско Здружение на студентите по право во Република Македонија Спонзорство за печатење на печатеното издание на списанието ,, Јустиција''.
4. Друштво за менаџмент и обука Клиар Вју Спонзорство за конференцијата ,, Предизвиците на транзицијата на семејните бизниси ''
5. Асоцијација на Архитекти на Република Македонија Спонзорство за 19-то Биенале на архитектурата Бимас
6. Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести ,, Дајте ни крилја'' Спонзорство за покривање на годишните редовни активности на здружението
7. Македонска православна црква - Охридска архиепископија Донација за покривање на дел од трошоците за изработка на иконостас
8. Здружение за хумано - општествен развој Проект Среќа Донација за покривање на трошоците за реализација на годишните активности на здружението
9. Македонска православна црква Донација за матурско патување на учениците од V клас
10. Македонска православна црква - Охридска архиепископија Донација за доизградба на црковниот храм посветен на Св. Наум Охридски во село Стар Караорман
11. Александар Поповски Донација за издавање на монографијата за академскиот пливачки клуб Студент
12. Општинско средно медицинско училиште Д-р Јован Калаузи Битола Донација на принтер за потребите на училиштето
13. Средно општинско училиште Наум Наумовски Борче - Пробиштип Донација на канцелариски столици
14. Општинско основно училиште Александар Македонски Донација на таблет и тастатура за потребите на дефектологот за работа со децата со посебни потреби
15. Општинско основно училиште Ванчо Прке - Штип Донација на телевизор за потребите на учениците во училиштето.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување