image
  • Франшиза
    • Учество на осигуреник во штета. Под франшиза се подразбира износ или постоток предвиден со договорот за осигурување до кој штетата од осигурување не се надоместува и покрај тоа што таа  штета е покриена со осигурувањето


  • Динамика на плаќање
    • Клиентот/договарачот избира со која динамика сака да го плаќа договорениот износ на премија. Плаќањето може да биде еднократно или повеќекратно (месечно, тромесечно, полугодишно)


  • Исплата на договорена сума
    • Осигурувачот ја исплатува договорената сума или соодветниот надоместок во рок од 5 дена од денот на прием на барањето за исплата со приложена документација за настанување осигурен случај. Доколку  е потребно време за утврдување на обврската на осигурувачот, наведениот рок тече од денот кога е утврдено постоењето на обврската.  


  • Каренца
    • Период на почетокот од договореното траење на осигурувањето за време на кој осигурувачот нема обврска доколку настапи осигурен случај.


  • Ризик
    • Можност за материјален или нематеријален ризик. Поимот ризик во пошироко значење означува и поим за опасност.


  • Договарач на осигурување
    • Лице со кое осигурувачот склучува договор за осигурување и по тој договор му припаѓаат права и обврски до настапување осигурен случај. Договарачот на осигурување може да биде правно или физичко лице со живеалиште односно седиште во РМ. Договарачот на осигурување мора да биде полнолетно лице (да денот на потпишување на понудата) бидејќи малолетните лица според законот немаат правна способност за потпишување какви било договори.


  • Траење на осигурувањето
    • Период од 0, 12 или 24 часа во првиот ден на осигурувањето до  0, 12 или 24 часа во последниот ден на осигурувањето.


  • Договорена сума
    • Износ до којшто осигурувачот има обврска за обесштетување при настанување осигурен случај.


  • Услови за осигурување
    • Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување. Одредбите од општите услови за осигурување по правило се регулирани со законски прописи и спогодби на осигурувачите.


  • Звање
    • Назив стекнат со школување, како нпр., машински техничар, дипл.инг. по електротехника, кројач, возач, слаткарм медицинска сестра. Звањето не е пресудно при утврдување ризик.


  • Професија (Занимање)
    • Дејност што лицето ја обавува во моментот на потпишување на понудата. При тоа е важно точно да се напише што работи во однос на опасностите кои може да ги содржи, нпр., возач на камион без експлозивни материи, електричар за мали домашни апарати, медицинска сестра во амбуланта од општа пракса и сл.  Професијата е исклучително битна при утврдување на ризикот.


  • Премија
    • Износ што договарачот на осигурување е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договор за осигурување.


  • Понудувач
    • Лице кое поднесува писмена понуда со намера да склучи договор за осигурување.


  • Полиса
    • Документ за склучен договор за осигурување.


  • Покритие
    • Изјава на осигурувачот дека понудениот ризик го смета за осигурен. Почетокот на покритието не мора да биде ист со почетокот на осигурувањето.

       


  • Почеток и истек на осигурувањето
    • Дата со која почнува да важи договорот за осигурување. Договорот за осигурување е склучен кога договорните страни ќе потпишат полиса за осигурување или листа на покритие. Писмена понуда доставена на осигурувачот за склучување договор за осигурување понудувачот го обврзува за период од триесет дена, доколку самиот тој не одредил покус рок. Истекот на важење на осигурувањето е дата после која осигурувачот повеже не е во обврска. 


  • Обврски на осигурувачот
    • Обврски што осигурувачот ги презел со договорот за осигурување, а тоа се разни облици на исплата на договорени суми или на надомест, детално утврдени во полисата за осигурување и во условите за осигурување.


  • Корисник на осигурување
    • Едно или повеќе лица кои полагаат право на отштета кога настанува осигурен случај. За еден ист осигурен случај може да има повеќе корисници и тие тогаш го делат надоместот. Корисник на осигурувањето може да биде само лице кое ќе докаже дека имало материјален интерес предметот на осигурување да остане потполн (целосен).


  • Несреќен случај
    • Секој ненадеен и од волја на осигуреникот независен настан што дејствувајќи главно од надвор и одеднаш врз телото на осигуреникот за последица има негова смрт, потполн или делумен инвалидитет, привремена неспособност за работа или оштетување на здравјето коешто бара лекарска помош. Дефиницијата на несреќен случај е составен дел од Условите за осигурување од последици на несреќен случај.


  • Осигуреник
    • Лице чијашто одговорност е покриена со договорот за осигурување, а кај осигурувањето лица, лице од чијашто смрт или повреда зависи настанувањето осигурен случај.


  • Oсигурувач
    •  

      Правно лице, акционерско друштво, чија дејност е осигурување.


  • Осигурен случај
    •  

      Настан што може да предизвика штета, а којшто спаѓа во ризици кои осигурувачот ги покрива со полисата. Можните осигурени случаи се дефинирани во условите за секој вид осигурување, а во секој договор за осигурување поединечно се наведени сите осигурени ризици.


Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување