Постапка за пријавување штети по осигурување од незгода

Постапка за пријавување штети по осигурување од незгода

 

Во случај на настанување  несреќен случај, пријавувањето на штетата на образецот "пријава на штета" и потребната документација за решавање на штетата, се врши по завршеното лекување на осигуреникот на еден од начините наведени во делот * Општа постапка за пријава на штети*.

Образецот "пријава на штета" се потпишува и заверува со печат од страна на договарачот на осигурувањето (работодавач, училиште, факултет, детска градинка, спортски клуб).

Оригинален примерок од образецот "пријава на штета" и оригинален примерок од потребната документација, се доставуваат до Друштвото најдоцна при вршење на лекарскиот преглед.

За терминот на закажаниот преглед ќе бидете уредно известени на E-mail адресата наведена во образецот "пријава на штета".

Потребни основни документи за пријава на штета за осигурување ученици:

 

Несреќен случај

  • Пријава заверена од договорувач на осигурување
  • Медицинска документација
  • Оригинални сметки за трошоци за лекување
  • Потврди за отсуство од настава
  • Извод од матична книга на родени за ученици
  • Фотокопија од лична карта на родител 
  • Фотокопија од трансакциска сметка на родител
  • Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар
  • Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ
  • Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода
  • Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило

 

Пријава на штета за колективно осигурување вработени

Несреќен случај   

  • Пријава заверена од договорувач на осигурување
  • Медицинска документација
  • Оригинални сметки за трошоци за лекување
  • Потврда за боледување
  • Повредна листа
  • Извод од матична книга на родени на осигуреникот
  • Фотокопија од лична карта на осигуреникот
  • Фотокопија од трансакциска сметка
  • Потврда од клуб ( на меморандум на клубот) со опис на настан и записник од натпревар, доколку повредата е настаната на спортски натпревар,
  • Записник од МВР или потврда при повреда во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи за кои е изготвен ваков документ,
  • Записник за присуство на алкохол при повреда во сообраќајна незгода,
  • Фотокопија од возачка дозвола при повреда при управување со моторно возило.
     

 Смрт од последици на несреќен случај или болест

  • Лекарски извештај за причина на смртта
  • Извод од матична книга на родени за осигуреникот
  • Извод од матична книга на венчани
  • Извод од матична книга на умрени
  • Извод од матична книга на родени за корисниците на осигурување
  • Изјава за одредување корисник
  • Решение за старателство ( ако корисникот е малолетен)
  • Фотокопија од лична карта од корисници на осигурување
  • Записник од МВР или потврда при смрт во сообраќајна незгода, учество во тепачка или други случаи кои е изготвен ваков документ
  • Записник за присуство на алкохол при смрт во сообраќајна незгода
  • Фотокопија од возачка дозвола при смрт при управување со моторно возило
  • Фотокопија од трансакциска сметка на корисник

 

По извршениот преглед односно достава на целокупната потребна документација, се утврдува основот на барањето и пристапува кон решавање на штетата.

Исплатата на утврдениот износ од осугурената сума се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.

Купите осигурување онлајн - Најбрзо и најсигурно до вашето осигурување