ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ ВРАБОТУВА ВО СКОПЈЕ СОРАБОТНИК ЗА ПЛАН, АНАЛИЗА И ИЗВЕСТУВАЊЕ

Опис на работно место:

  • Учествува во изработка на план и буџет на Друштвото
  • Изработува и следи биланс на успех на месечна основа заради интерни месечни известувања до УО и квартални извешати до НО
  • Следи  усогласеност на инвестициско портфолио на Друштвото во однос на законски ограничувања на месечна основа
  • Изработува пресметка за исправка на вредност на побарувања на Друштвото на квартална основа
  • Изработува месечни и квартални извештаи кон АСО, НБО и НБРМ
  • Изработува нацрт на неревидирани годишни финансиски извештаи на Друштвото
  • Изработува финансики извештаи и анализи за интерни потреби

За избраниот кандидат Еуролинк обезбедува:

  • Конкурентна плата по договор
  • Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
  • Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
  • Договор за работа на определено време, 40 часа неделно

Кандидатите треба да имаат:

Диплома за завршен Економски Факултет, активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), најмалку 3 години работно искуство на слична работна позиција

Работно искуство во друштво за осигурување ќе се смета за предност.

Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 21.06.2024 на hr@eurolink.com.mk или на адреса: Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: Пиринска бр. 23, Скопје

Телефон за контакт: 02 32 89 311, 02 32 89 315

Рок за избор на кандидати: 45 дена

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.

По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.