ИМОТ

Имотно осигурување – што претставува и зошто Ви е потребно?

Имотното осигурување нуди материјална сигурност за Вашите најголеми инвестиции – недвижниот имот, покуќнината, електронската опрема. Секојдневно се соочувате со ситуации што најчесто и не се во Ваша контрола, како опасност од пожар, кражба, излевање на вода од инсталациите или пак штети што може да настанат во соседството, а притоа да го опфатат и Вашиот имот. Токму затоа, ние во Еуролинк осигурување создадовме понуди за различни видови на имотно осигурување согласно Вашите потреби, со кои ќе можете да се чувствувате сигурно и безбедно за Вашата иднината во секоја ситуација.

Во зависност од вашите потреби и можности, може да изберете осигурување само од основни ризици или истите да ги проширите со дополнителните ризици.

 OСНОВНИ РИЗИЦИ

 

  • Пожар и удар од гром
  • Излевање вода од инсталации во станбени објекти
  • Експлозија, освен нуклеарна
  • Луња и град
  • Паѓање на воздушни летала
  • Манифестација и демонстрација

 ДОПОЛНИТЕЛНИ РИЗИЦИ

  • Поплава, порој и високи води
  • Лизгање и одронување на земјиште
  • Слегнување на земјиште
  • Лавина
  • Земјотрес
  • Провална кражба и разбојништво
  • Стакло од кршење
  • Осигурување од одговорност кон трети лица
  • Трошоци за нужно сместување

Одберете:

Контактирајте со вашиот консултант за осигурување што во целост ќе ви ја претстави нашата понуда или купете Доми Комплет полиса за осигурување на вашиот дом преку нашата интернет-продавница Е-ПОЛИСА.