Доколку сакате да станете дел од тимот на Еуролинк Осигурување, пратете кратка биографија и мотивациско писмо за интерес на електронската адреса на Служба за човечки ресурси и маркетинг: kariera@eurolink.com.mk, или на следните телефони: 32 89 315, 32 89 311
Вработените се нашата најголема сила и конкурентска предност, препознатлива на пазарот на осигурување, која е генератор на развојот и вредностите на Еуролинк Осигурување |
Во денешното динамично и променливо бизнис окружување, кога е пресудно да се задржи стабилноста во работењето, важно е да се препознае, едуцира и награди човечкиот потенцијал во компанијата и преку градење одлична работна средина и високо ниво на задоволство од работата,да се овозможи остварување на планираните цели. Од тие причини посебно внимание посветуваме на развојот на кариерата и наградувањето на нашите вработени.
Вработуваме способни и талентирани луѓе кои се амбициозни во градењето на својата кариера и се спремни да ја сообразат сопствената визија за иднината со визијата на Еуролинк Осигурување
Какви вработени бараме:
Ориентирани кон тимска работа – да градат ефикасни врски кои ќе помогнат во остварување на целите на компанијата
Одговорни – да поседуваат лични цели, да остварувааат во дадени рокови и да исполнуваат очекувања
Флексибилни – способност за брзо и ефикасно прилагодување кон пазарни промени
Амбициозни – да поседуваат внатрешен порив за континуиран раст и развој
Доколку сакате да станете дел од тимот на Еуролинк Осигурување, пратете кратка биографија и мотивациско писмо за интерес на електронската адреса на Службата за човечки ресурси и маркетинг: kariera@eurolink.com.mk, или на следниве телефони: 32 89 315, 32 89 311. Повеќе за активните конкурси може да прочитате тука.