ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје e компанија за неживотно осигурување формирана во 2002 година како странска директна инвестиција со основачки капитал од 3,2 милиони ЕУР.

До 2020 година, единствен акционер на Друштвото е GOFI – Group of Finance & Investment SA.

Од 2020 година, со преземање на акциите единствен акционер станува Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group), интернационална компанија со долга осигурителна традиција, со што Еуролинк осигурување станува дел од ова големо меѓународно осигурително семејство.

Нашата стратегија е насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на нашите клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи.

Одржливиот развој на Еуролинк осигурување се темели врз општествената одговорност. Еуролинк осигурување е општествено совесен деловен субјект, кој е во континуирана интеракција со средината и вложува во општеството во кое егзистира и работи.
Во континуитет се работи на реализација на програмата за општествената одговорност.
Непобитен и уникатен сегмент од Еуролинк осигурување е интеракцијата со средината во којашто егзистира и работи. Како општествено совесен субјект, ние ја креиравме платформата „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, под покровителство на Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор. Платформата претставува интересен колаж од разновидни активности во сегментите на образованието, уметноста и културата.

Целта е подобро општество, среќни луѓе, развивање на креативност, ангажираност во вистинска смисла на зборот и активен пристап кон креирање подобра иднина.
Еуролинк осигурување се стреми со овие активности долгорочно да влијае во зачувување на овие вредности без кои едно цивилизирано општество не може да постои – љубовта и почитта кон своето минато, грижата за сегашност и градењето на сигурна иднина.

Еуролинк осигување започна со работа на 2.12.2002 во Скопје, со 14 вработени, кои претставуваа спој на искуството и младоста, стручноста и ентузијазмот за работа.

Првата полиса за осигурување е издадена на 26.02.2003 година.

2003 г. – Први на пазарот промовиравме нов вид ризик во колективното осигурување од незгода – осигурување од тешки болести. Истата година за само неколку месеци, развивме најголема мрежа за дистрибуција на патничко осигурување преку туристичките агенции во земјата.

2005 г. – Првите подружници надвор од Скопје се отворени во декември 2005 година, во Битола, Охрид и во Штип, кога бројот на вработените е веќе 48 лица и пазарниот удел изнесува 6%.

2007 г. – Први на пазарот воведуваме нов вид  осигурување од одговорност на лекарите и здравствените работници. Истата година почнува забрзан раст на Друштвото и во следните неколку години се отворени уште 27 подружници и канцеларии, а бројот на вработени е зголемен на 205.

2008 г. – Два нови вида осигурување – од професионална одговорност и од одговорност за клинички испитувања.

2009 г. – Со преземање на акциите од другите основачи, GOFI –Group of Finance & Investment SA станува единствен акционер на Друштвото.

За неполни девет години, во 2011 година, Еуролинк Осигурување се позиционира на второ место на домашниот пазар на осигурување, а вкупната капитална позиција на Друштвото достигна ниво од  5,4 милиони евра, што претставува пораст од 70% во однос на почетниот акционерски капитал.

2012 год. –  првата осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што во година овозможи продажба на своите полиси преку интернет.

2013/2014 г. па до денес – Како резултат на се поголемата препознатливост на Друштвото, македонската јавност го избра Еуролинк Осигурување за Супер бренд.

2015 г. – Еуролинк осигурување станува лидер во продажба на приватно здравствено осигурување.

2016 г. – За првпат на пазарот во Македонија Еуролинк воведува Семејно приватно здравствено осигурување.

2017 г. – Еуролинк на македонскиот осигурителен пазар ја лансира Првата мобилна апликација EurolinkOsiguruvanje

2017 г. – второ место на пазарот за неживотно осигурување во Македонија, со над 30 подружници низ цела Македонија, околу 250 вработени, 300 алтернативни дистрибутивни канали  (туристички агенции,  банки, автодилери и др.).

2018 г. – Први на пазарот започнуваме со можноста за купување на полиса за регистрација на возило он-лајн

2019 г. – Први на пазарот воведуваме можност за онлајн купување на полиса за птиватно семејно здравствено осигурување

2020 г. – Единствен акционер станува Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group), интернационална компанија со долга осигурителна традиција, со што Еуролинк осигурување станува дел од ова големо меѓународно осигурително семејство.

* * * * *   

Еуролинк осигурување од самиот почеток во потполност ги имплементира европските директиви во доменот на осигурувањето и IAIS (Меѓународна асоцијација на осигурителни супервизори) стандардите во клиентскиот сервис и менаџментот на услугите, вложува во постојано стручно усовршување на вработените, во најсофистицираната хардвер и софтвер-технологија, го следи и го антиципира развојот на осигурителниот пазар и  ги инкорпорира најдобрите светски искуства во работењето.

Еуролинк и понатаму ќе остане носител на иновативни потфати што го збогатуваат пазарот со нови производи и со нови вредности, водени од нашата цел да бидеме синоним за успех, доверба и за одговорност.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…

  • Еуролинк е прва осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што го воспостави „Еуролинк 24“, центар за поддршка на клиенти, за полиси и штети, достапен 24/7;
  • Еуролинк осигурување е првата осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што во 2012 година овозможи продажба на своите полиси преку интернет;
  • Еуролинк осигурување е осигурителна компанија што прва воведе програма за лојалност за своите клиенти;
  • Летната балетска школа, Школото за уметничко лизгање, уредување на читална и библиотека во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, пешачка тура за разгледување на градовите „Мапа на културата“, поддршка на Македонска опера и балет, на фестивалот „Охридско лето“ и уште многу други активности се дел од платформата за општествена одговорност со наслов „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“;
  • Еуролинк осигурување е компанија што инвестира во развојот на пазарот на осигурување преку вложување во нови технологии и пласирање на нови продукти за заштита на бизнисите и граѓаните;
  • Еуролинк осигурување е прва осигурителна компанија која отвори онлајн филијала за осигурување со што овозможи одржување состанок со консултантите за осигурување преку мобилен телефон или лаптоп; 

Ние сме посветени на подобрување на животите на луѓето што ги допираме.

Обезбедувајќи најквалитетни услуги од доменот на осигурувањето, ние одговараме на потребите на пазарот на кој дејствуваме, со што им помагаме и на граѓаните и на компаниите да ја зголемат нивната сигурност, истовремено придонесувајќи и за добробитта на општеството во целост.

Нашата култура на работење се темели  врз непоколебливата верба во интегритетот и во чесноста, градејќи ги односите со клиентите и нашите, меѓусебни, со дигнитет и со почит, инвестирајќи во и растејќи заедно со вработените, бидејќи веруваме дека доброобразовани, постојано обучувани и задоволни вработени се најдобро основно средство за компанијата и придонес повеќе за пошироката заедница.

Ние тежнееме кон одличност. Внимателно бираме ризици и работиме сложно за да оствариме успех, профитабилност и растеж и во иднина. Постојано работиме да ја надградиме нашата репутација на компанија што е препознатлива по својата пристапност, професионализам, начин на работа, како и по  продлабочените  и квалитетни, долгорочни консултативни односи со клиентите.

Стремиме во нас да гледаат лидер во индустријата во поглед на задоволство на клиентите, раст на продажбата, квалитет на продуктите, финансиска моќ и профитабилност. 

Полн назив: Акционерско друштво за осигурување Еуролинк – Скопје
Седиште ул. Никола Кљусев број 2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Даночен број  4030002461596
Матичен број  5702950
Датум на регистрација 21.11.2002 година
Дозвола за работа  18-16582/6 од 11.11.2002г. од Министерство за финансии на Република Македонија
   
Основна дејност:

Осигурување неживот – сите класи на осигурување

   01 – Осигурување од последици на несреќен случај – незгода
   02 – Здравствено  осигурување
   03 – Осигурување моторни возила (каско)
   04 – Осигурување шински возила (каско)
   05 – Осигурување воздухоплови (каско)
   06 – Осигурување пловни објекти (каско)
   07 – Осигурување стока во превоз (карго)
   08 – Осигурување имот од пожар и природни непогоди
   09 – Други осигурувања имот
   10 – Осигурување од одговорност од употреба нa моторни возила
   11 – Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови
   12 – Осигурување ододговорност од употреба на пловни објекти
   13 – Општо осигурување одговорност
   14 – Осигурување кредити
   15 – Осигурување гаранци
   16 – Осигурување финансиски загуби
   17 – Осигурување правна заштита
   18 – Осигурување туристичка помош

МАРИЈА ТОМЕСКА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР

ХЕРМАН ЗИП
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР, ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И РЕОСИГУРУВАЊЕ

ИРЕНА велкоска СПИРОВСКА
член НА УПРАВЕН ОДБОР, ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ПРоцена И ЛИКВИДАЦИЈА НА ШТЕТИ

ДАРКО АТАНАСОВСКИ
СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВЕН ОДБОР

ИРЕНА ТАНЕВСКА
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

МАЈА БОГДАНОВСКА- СТОЈАНОСКА
ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР, 

ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ

ЦВЕТКО ДЕЛЕВ
ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР, ПОМОШНИК ДИРЕКТОР ВО Сектор за Осигурување и Реосигурување

БОРЧЕ ПОПРИЗОВ
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА

ТАЊА ПОЛЕНАК
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНИ

ПАВЛИНА ВЕЛКОВА
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА СМЕТКОВОДСТВО

СНЕЖАНА ЈОСИФОВСКА
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ИНФОРМАТИКА

ИВАНА ПОПОВСКА – БЛАЖЕВСКА
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

КАЛИНА СЕЈФУЛА
ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА МАРКЕТИНГ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

БЛАГИЦА ИВЧЕВА
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

СОЊА БОШЕВА
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА КЛИЕНТИ

м-р КЛАУС ШАЈТЕГЕЛ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРЕН ОДБОР

м-р ГЕРАЛД ГРОСТЕНБЕРГЕР
ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР

д-р ОТМАР ЕДЕРЕР
НЕЗАВИСЕН ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ

Никола Кљусев бр.2, 1000 Скопје

Тел. (02) 32 89 301

Факс: (02) 32 31 625

Работно време: 08-16ч.

eurolink@eurolink.com.mk

www.eurolink.com.mk

www.facebook.com/eurolinkmk

ЕУРОЛИНК 24

(02) 15 888, (02) 32 89 399

Работно време: 00-24ч.

eurolink24@eurolink.com.mk

Сектор за продажба – за понуда за осигурување, полиса и уплата на премија по полиса

prodazba@eurolink.com.mk

(02) 32 89 360, 399, 316, 317

 

Сектор за осигурување и реосигурување – за понуда за осигурување, полиса и уплата на премија по полиса

ponudi_sor@eurolink.com.mk

(02) 32 89 306, 307, 321, 323, 338, 339

 

Сектор за процена и ликвидација на штети – за пријава на штети и информации во врска со процена и решавање на штета

prijava@eurolink.com.mk

procena@eurolink.com.mk

likvidacija@eurolink.com.mk

(02) 32 89 324, 329

 

(02) 32 89 325, 326, 329, 346, 374

 

(02) 32 89 313, 322, 336, 363, 387

 

(02) 32 89 328, 341, 391

 

Сектор за финансии – за информации за исплата на штета, проверка на состојба на премијата

eurofinance@eurolink.com.mk

(02) 32 89 310, 320, 356, 357, 373, 376, 389

 

Сектор за сметководство – за информации на правни субјекти за состојба на побарувања и обврски

 

smetkovodstvo@eurolink.com.mk

(02) 32 89 302, 303, 309, 348, 349, 381

 

Сектор за правни работи и усогласување со закони

 

pravensektor@eurolink.com.mk

(02) 32 89 332, 333, 383, 390, 397

 

 

Сектор за информатички технологии

 

euroit@eurolink.com.mk

(02) 32 89 304, 340, 359, 380

 

Сектор за човечки ресурси

 

 

hr@eurolink.com.mk

(02) 32 89 311, 315, 334

 

Сектор за маркетинг и односи со јавноста

 

komunikacii@eurolink.com.mk

(02) 32 89 342

 

 

Генерален секретар

 

(02) 32 89 331

 

Внатрешна ревизија

 

 

(02) 32 89 353

 

 

 

Вон работно време, за време на викенди и државни празници контактирајте со ЕУРОЛИНК 24.