КАРИЕРА ВО ЕУРОЛИНК,
ЧЛЕНКА НА ГРУПАЦИЈА ГРАВЕ

Да се грижиме за сегашноста и иднината, за твоите соништа, амбиции и заедно да ги надминуваме предизвиците. Приклучи се нашиот тим, збогати го нашето работно секојдневние и искуството на нашите клиенти со Еуролинк.

КОИ СМЕ НИЕ?

Ние сме компетентни и вредни луѓе, кои со отворен ум прифаќаат нови идеи и отворено размислуваат, прифаќаат сугестии и конструктивна критика од колеги и претпоставени и отворено ги искажуваат своите ставови. Тимски соработуваме во насока да ги исполниме своите амбиции и да допринесеме кон раст и развој на компанијата преку иновативни продукти, услуги и процеси. Креираме работна средина на предизвици, продуктивност и непосредна комуникација бидејќи знаеме дека сме клучниот и непроценлив ресурс без кој Еуролинк не може да биде тоа што е.

ЗОШТО СМЕ СРЕЌНИ ВО ЕУРОЛИНК?

ОТВОРЕНО КОМУНИЦИРАМЕ

заедно се радуваме и заедно ги споделуваме сите грижи и се трудиме да ги надминеме сите предизвици – не зборуваме зад грб, проблемите се дискутираат, не се туркаат „под килим”.

ЦЕЛТА Е СЕКОГАШ ПРЕД НАС

тоа се ветувања кои ги даваме на самите себе, тимот и компанијата.  Не дозволуваме „од дрвјата да не ја гледаме шумата “. Свесно и јасно ги градиме критериумите за тоа што значи успех, добри резултати, одлично работење и секоја наша постапка е во насока на доближување до крајната цел. 

СЕ ЦЕНИМЕ МЕЃУСЕБНО

сакаме ѕвезди, но ниту една ѕвезда не може да го осветли небото како цело соѕвездие :). Работиме тимски, веруваме во индивидуалните таленти само и доколку се во поддршка на тимските напори и перформанси. Тоа што го можеме тимски, не може да го постигне осамен талент

ГИ ЦЕНИМЕ НАШИТЕ КЛИЕНТИ

секое наше размислување и иницијатива во фокус го има задоволството на клиентите со нашата компанија. Одлуката на клиентите да ви ги доверат најврените нешта во животот е најголемата привилегија за нас вработените.

РАЗГОВАРАМЕ НА ТЕМИ ШТО
НИ СЕ ВАЖНИ

за индивидуалните и колективните амбиции, се фалиме за работи во кои сме силни, а сериозно размислуваме и разговараме за работите во кои треба да се подобриме. Сакаме конструктивна критика и цениме различни ставови и мислења бидејќи таквите дискусии генерираат несекојдневни идеи, а во тоа сме докажано одлични.

ГО ПРИЗНАВАМЕ УСПЕХОТ НА КОЛЕГИТЕ И ЗАЕДНО СЕ РАДУВАМЕ

пофалба, јавно признание и награда се дел од нашето победничко секојдневие, и тоа на секое ниво. Работиме во пријателска атмосфера исполнета со многу смеа

ИМАМЕ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРАТА

Се гледаме себеси во Еуролинк во идно време затоа што компанијата има визија за секој од нас.  Се грижи нашите амбиции, способности и иницијативи да добијат глас а ние заслужена награда и можност за напредување. 

ИМАМЕ МОЖНОСТИ ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Често се обучуваме на теми кои се важни во животот, учиме да се справуваме со конфликти, да комуницираме поефикасно да бидеме подобра верзија од себе. 

РАБОТИМЕ ВО ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

Еуролинк осигурување особено вложува во заедницата во која живее и работи. Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ мојата компанија го поддржува образованието, спортот и културното живеење во земјата. Враќаме во општеството кое вложува во нас.

ОТКРИЈТЕ ГИ ВАШИТЕ

ПЕСПЕКТИВИ ВО ЕУРОЛИНК

СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ ЗА ВРЕМЕ НА ШКОЛУВАЊЕТО

  • Практична настава – во соработка со средни училишта и универзитети во земјата овозможуваме практична настава во нашата компанија. 
  • Работа – овозможуваме вработување на скратено работно време, во летен период или кога немате предавања на училиште или факултет. Одлична комбинација за учење и заработка за да го остварите вашето патување од соништата или да обезбедите заштеда. 
  • Практична работа – овозможуваме и ваков тип на соработка со индивидуи без и со претходно работно искуство.

Контактирајте не на hr@eurolink.com.mk или закажете информативен разговор со нас.

ШТОТУКУ ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ

За вас се одлични почетните позиции каде со поддршка на ментор ќе навлезете брзо и лесно во тајните на осигурувањето, додека работите😊 
Следете ги нашите огласи.

ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Сакате да сте носител на иновации, да ги проширите вашите хоризонти и да ги креирате идните продукти и услуги користејќи го вашето бесценето искуство.  

Ние ја цениме вашата експертиза и искуство и ве охрабруваме да не контактирате и кога немаме отворен оглас за вработување. 

Закажете информативен разговор со нас.

АКТИВНИ ОГЛАСИ

Консултант за осигурување
Ве молиме испратеното CV да биде во PDF формат

Stephanie Simmons

Founder | Client Director

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nam feugiat, urna vel faucibus blandit, urna urna finibus enim, eget venenatis nisi neque sed augue. Nulla viverra sapien quis tellus semper, vitae pulvinar ante dictum. Praesent mattis purus et eros gravida tempor. Donec ut mauris nibh.

Kieran Merritt

Design Director

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nam feugiat, urna vel faucibus blandit, urna urna finibus enim, eget venenatis nisi neque sed augue. Nulla viverra sapien quis tellus semper, vitae pulvinar ante dictum. Praesent mattis purus et eros gravida tempor. Donec ut mauris nibh.

Meghan Pratt

Studio & Project Manager

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nam feugiat, urna vel faucibus blandit, urna urna finibus enim, eget venenatis nisi neque sed augue. Nulla viverra sapien quis tellus semper, vitae pulvinar ante dictum. Praesent mattis purus et eros gravida tempor. Donec ut mauris nibh.

Charlie Phelps

Chief Officer

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nam feugiat, urna vel faucibus blandit, urna urna finibus enim, eget venenatis nisi neque sed augue. Nulla viverra sapien quis tellus semper, vitae pulvinar ante dictum. Praesent mattis purus et eros gravida tempor. Donec ut mauris nibh.