ОТВОРЕНО КОМУНИЦИРАМЕ

Заедно ги споделуваме сите грижи и се трудиме да ги надминеме сите предизвици. Ситуациите се дискутираат и се бара најдобро решение.

СЕ ЦЕНИМЕ МЕЃУСЕБНО

Сакаме ѕвезди, но ниту една ѕвезда не може да го осветли небото како цело соѕвездие :). Работиме тимски, веруваме во индивидуалните таленти само и доколку се во поддршка на тимските напори и перформанси. Тоа што го можеме тимски, не може да го постигне осамен талент.

РАЗГОВАРАМЕ НА ТЕМИ ШТО НИ СЕ ВАЖНИ

За индивидуалните и колективните амбиции, за работи во кои сме силни и кои треба да ги подобриме. Цениме различни ставови и мислења бидејќи таквите дискусии генерираат несекојдневни идеи, а во тоа сме докажано одлични.

ИМАМЕ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРАТА

Се гледаме себеси во Еуролинк во идно време затоа што компанијата има визија за секој од нас. Се грижи нашите амбиции, способности и иницијативи да добијат глас а ние заслужена награда и можност за напредување.