ОТКРИЈТЕ ГИ ВАШИТЕ можности ВО ЕУРОЛИНК
Вработување: За вас се одлични почетните позиции каде ќе стекнете практично искуство и со поддршка на ментор ќе навлезете брзо и лесно во тајните на осигурувањето, во опкружување кое ја цени вашата свежа перспектива и иновативни идеи😊
Следете ги нашите огласи и ве охрабруваме да нè контактирате и кога немаме отворен оглас за вработување, на hr@eurolink.com.mk или на (2) 32 89 311, (2) 32 89 315 и закажете информативен состанок.
Преку програмата “СТУДИРАЈ И ЗАРАБОТУВАЈ” овозможуваме вработување на студенти на скратено работно време. На овој начин овозможуваме флексибилност и баланс на работата со обврските во вашиот студентски распоред. Ќе го зајакнете своето резиме и ќе добиете одлична комбинација за учење и заработка за да го остварите вашето патување од соништата или да обезбедите заштеда.
Практична настава – во соработка со универзитети во земјата овозможуваме практична настава во нашата компанија.
Практична работа – овозможуваме и ваков тип на соработка со индивидуи без и со претходно работно искуство.
Ве охрабруваме да нè контактирате и кога немаме отворен оглас за вработување, на hr@eurolink.com.mk или на (2)32 89 311, (2)32 89 315 и закажете информативен состанок.