Еуролинк Осигурување ви ја нуди својата стручна помош и совет посебно во следните случаи:
- Избор на соодветно осигурително покритие
- Одредување на соодветни/реални вредности за осигурување
- Проценка на ризиците и изложеноста
- Превенција од штети и подобрување на квалитетот на ризикот
- Постапување во случај на штета
Нашата цел е да воспоставиме транспарентност и отворен дијалог со нашите клиенти. Секој клиент добива првокласен третман и континуирана поддршка со цел обезбедување на најсоодветно и најреално покритие според вашите потреби. Од моментот на евалуација на ризикот, воспоставување на вредностите за осигрување па се до евентуална штета, нашиот тим е постојано во комуникација со вас.