ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

Патот носи убави моменти, но и ризици да се доживее незгода или да се претрпи штета. Зошто да ризикувате да ви пропадне бизнисзделката, да ви пропадне одморот или да не се видите со пријател? Остварете ја целта без оглед на ризиците – со патничкото осигурување на Еуролинк Осигурување добивате чувство на сигурност при патувањето и гаранција за надомест на штета. Нашите осигурувања се изработени според светски стандарди и прилагодени токму на вашите потреби.

  • Брзо, едноставно и сигурно – плаќате со платежна картичка.
  • Полисата за осигурување ја добивате на вашата електронска адреса.
  • Може да одберете пакет според вашите потреби.
  • Може да извадите полиси за патничко осигурување за сите членови на вашето семејство. 
  • Патничкото осигурување отсега покрива КОВИД-19
  • Со нашата патничка полиса имате попуст на PCR тест за КОВИД-19
Опфатени ризици со патничко осигурување Оптимум Премиум

ВИП     

Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучувајќи и КОВИД-19

 Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина

Враќање посмртни останки во земјата

Враќање малолетни деца во Република Македонија

Надомест на телефонски трошоци

Посета на осигуреникот кој е хоспитализиран како пациент во странство – превоз и сместување во хотел за блиско лице

Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел

Багаж – кражба, оштетување и уништување

 

Багаж – кражба, во моторно возила

 

Багаж – задоцнето пристигнување во странство

 

Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат

 

Трансфер на деловни колеги

   

Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот

   

Предвремено враќање поради тешка несреќа во деловни простории, фабрика

   

Надомест на трошоци заради доцнење или откажување на лет

   

Враќање моторно возило

   
 

Еуролинк осигурување нуди и посебен дополнителен пакет за патничко осигурување Ски Пакет. 

Ски Пакет покритие важи за зимските спортови скијање и сноуборд, доколку се занимавате со истите исклучиво аматерски.

Ризици опфатени со осигурувањето:

  • Доцнење, губење или кражба на ски опрема (скии, чевли, штеки, ски борд) при транспорт
  • Болест или повреда при зимување
  • Затворање терени
  • Лавина или слегнување на земјиште

Контактирајте со вашиот консултант за осигурување или директно купете полиса за патничко осигурување преку нашата интернет-продавница Е-ПОЛИСА.