ОСИГУРУВАЊЕ на возач, патници и работници од несреќен случај - незгода

Со дополнителното осигурување возачи, патници и работници од последици на несреќен случај (незгода) за време на управување и возење со моторни и други возила, обезбедувате целосна заштита во случај на смрт и траен инвалидитет, без оглед на одговорноста за настанување на собраќајната незгода.

Еуролинк осигурување нуди широк избор на покритија од кои може да го одберете најсоодветното, според вашите потреби и можности.

Со ова осигурување добивате надомест на штета во случај на:

  •  Смрт од несреќен случај – незгода
  •  Траен инвалидитет

При купување полиса од автомобилска одговорност побарајте го ова дополнително осигурување од вашиот консултант за осигурување.