незгода

Финансиските средства не може да бидат замена за нечие здравје или живот, но се неопходни за згрижување и нега во најтешките ситуации за кои и не сакаме да размислуваме.

 Осигурувањето од последици на несреќен случај обезбедува надомест доколку поради несреќен случај настанат следните несакани последици:

  • Смрт од несреќен случај – незгода;
  • Траен инвалидитет од несреќен случај – незгода;
  • Трошоци за лекување од несреќен случај – незгода;
  • Преодна спреченост за работа (дневен надомест) од несреќен случај – незгода.

 Кај одредени видови осигурување од незгода може да се осигури и ризикот смрт од болест, тешки болести, трошоци за спасување, смрт од сообраќајна незгода.

Од незгода може да се осигурите како поединец, како член на семејство и припадник на група.

Информирајте се подетално за можностите:

Осигурувањето од незгода на Еуролинк Осигурување е територијално и временски неограничено и секој на возраст од 14 до 75 години возраст, без разлика на професија и занимање, може да стане наш осигуреник.

Побарајте совет од вашиот консултант за осигурување за најсоодветното осигурување за вас.

_________________

1. Траен инвалидитет се смета за трајна, иреверзибилна состојба на нарушување на нормалната функција на дел, односно орган на телото според Табелата за определување процент на траен инвалидитет.
2. Осигурувачот исплатува дневен надомест во износ договорен со полисата, за онолку денови колку што траела неспособноста за работа – боледувањето, но не повеќе од 200 дена во една година).
3. Осигурувачот исплатува надомест за сите нужни и фактички трошоци за лекување што според прописите на Законот за задолжително здравствено осигурување паѓаат на товар на осигуреникот, а најмногу до осигурената сума наведена во полисата).