Во случај на настанување штета, истата се пријавува веднаш, односно најдоцна во рок од 3 дена од нејзиното настанување, на образец „пријава на штета” на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*.
Доколку во сообраќајната незгода е предизвикана материјална штета, оштетениот е должен да овозможи извид над оштетеното возило од страна на овластени лица на осигурувачот.
Извидот на штета, по правило, се спроведува веднаш, а најдоцна во рок од 2 работни дена (за штети пријавени надвор од централата на Друштвото) по пријава на штетата.
Извидот се врши на определен простор во Друштвото за осигурување, во сервис или друго место каде што се наоѓа оштетеното возило или оштетниот предмет или во и на самиот оштетен објект.
При пријава на штета со Европски извештај, извид се врши на двете оштетени возила, се прави реконструкција на штетниот настан.
При пријава на штета со записник од МВР, извидот се врши само на оштетеното возило.
Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на материјална штета:
- Фотокопија од сообраќајна дозвола;
- Фотокопија од возачка дозвола;
- Фотокопија од трансакциска сметка на сопственикот на возилото;
- Изјава за настанот од осигуреникот и од оштетениот за штети А/О пријавени со Европски извештај;
- Примерок од Европски извештај, односно записник од МВР;
- Фотографии за реконструкција на настанот, за штети пријавени со ЕИ;
- Фотографии од оштетено возило или оштетен предмет/објект;
- Образец О-1 за пријава на штети од ГФ
Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на нематеријална штета:
- Полномошно (за барање за надомест поднесено од страна на полномошник/адвокат);
- Записник од МВР или пресуда;
- Медицинска документација;
- Фотокопија од трансакциска сметка на оштетениот;
- Образец О-1 за пријава на штети од ГФ.
Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.
ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа автоодговорност, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на avtoodgovornost.zk@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-324, 02/3289-346, 02/3289-374 или 02/3289-326.