Постапка за пријавување штети по полиси за патничко осигурување
Во случај на потреба од услуги од здравствено осигурување и друга помош, пријава се врши во центарот Еуролинк 24 на бесплатниот телефонски број +389 2 15 888 или е-маил : eurolink24@eurolink.com.mk во текот на 24 часа.
Доколку случајот не е евидентиран преку Eуролинк 24, пријавата на штета ќе се регулира по враќање во земјата во просториите на осигурувачот, на еден од начините наведени во делот *Општа постапка за пријава на штети*.
Листа/список на потребна документација за поднесување на барање за надомест на штета по патничко осигурување:
- Полиса за осигурување;
- Фотокопија од пасош (првите две страни и страните со печати влез-излез);
- Медицинска документација со дијагноза;
- Доказ за платени фактури за лекување во странство;
- Авио карти;
- ПИР извештај за доцнење на багаж или лет;
- Доказ за прием на багаж;
- Фотокопија од трансакциска сметка на оштетениот/установата што ја извршила здравствената услуга
Исплатата на утврдениот износ на надомест се врши во ро код 14 дена од утврдување на основаноста на барањето.
Доколку во процесот на процена и ликвидација на штети се утврди дека е потребно да се достават дополнителни документи, за утврдување на основот и висината на надомест на штета, осигуреникот/оштетениот ќе биде известен за потребните дополнителни документи кои ќе треба да бидат доставени.
ПОДДРШКА ПРИ ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ
За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот на електронско пријавување на штети од класа патничко осигурување, обратете се кај нашите колеги од Секторот за процена и ликвидација на штети на nezgoda.patnicko@eurolink.com.mk или на телефонските броеви: 02/3289-336 или 02/3289-363.