ОСИГУРУВАЊе ОБЈЕКТИ ВО ГРАДБА

Заштитете ја вашата инвестиција и осигурајте го објектот во градба со Еуролинк осигурување Со осигурување објекти во градба се покриени штети што ќе настанат на:

  • Градежни објекти во градба, подразбирајќи под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.);
  • Градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и сета опрема што е наменета исклучително за вградување во осигурениот објект во градба;
  • Градежна опрема и помошни објекти што се опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба и служат за изградба на градежниот објект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници, ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите што претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот.

Ако посебно се договори и ако се пресмета посебна премија, со осигурување може да се опфатат:

  • Веќе постоечките објекти на кои се врши реконструкција (поправка, доградба, надградба, адаптација и сл.);
  • Делови на објектот во градба, односно одделни градежни и занаетчиски работи што ги презел изведувачот на работите;
  • Помошен градежен материјал и алат во употреба;
  • Градежна опрема и помошните објекти што служат за изградба на градежниот објект и што воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба;
  • Стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на крајбрежјето;
  • Ствари на работниците;
  • Трошоци за исполнувањето на процепите (шуплините) преку профилот предвиден со проект, потребни за доведување на оштетениот објект, односно работите во првобитна состојба (осигурување на договорена сума на прв ризик);
  • Деловно-техничка документација, вклучувајќи ја и градежната книга (осигурување на таксирана вредност).

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од основни ризици:

  • Пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, слегнување на земјиште;
  • Градежна незгода;
  • Невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.

Доколку посебно се договори и пресмета дополнителна премија, може да се осигураат следниве дополнителни ризици:

  • Поплава и порој, висока вода и подземна вода;
  • Лизгање на земјиште;
  • Одронување на земја;
  • Уривање на земјиште;
  • Одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи;
  • Договорна одговорност на изведувачот на градежните работи во гарантниот рок;
  • Провална кражба.

Контактирајте со Секторот за осигурување и реосигурување и Секторот за продажба, каде што во целост ќе Ви биде претставена нашата понуда и, воедно, посочено најсоодветното осигурување за Вас и Вашиот бизнис.