Банкарско осигурување

Со поврзување на традиционалниот пристап на давање услуги од страна на банките и прогресивниот пристап на нудење услуги од страна на осигурителните компании, се оствари заеднички настап на пазарот преку поврзување на услугите на субјектите во двата сектори.

Со овој концепт, преку партнерскиот однос помеѓу Еуролинк, Стопанска банка и Комерцијална банка, овозможени се бенефити за нашите клиенти на кои им е дадена дополнителна можност, при извршување редовни банкарски операции, да склучат полиси за осигурување за нивниот дом.

ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ

  • Едноставна процедура
  • Повеќе услуги на едно место
  • Заштеда на време и пари
  • Со полисата, веднаш се издава и винкулација

Со ДОМИ КОМПЛЕТ добивате осигурување на градежниот дел од вашиот дом од основните ризици: пожар, експлозија, излевање вода од цевки, град, луња, гром и сл.

  Се препорачува:

  • За сите клиенти што сакаат основна сигурност со ниска цена;
  • За сите кредитобаратели како задолжителна документација за кредит.

 Со ДОМИ КОМПЛЕТ полисата, вашиот имот е обезбеден од следните ризици:

  • Пожар и удар на гром;
  • Експлозија;
  • Луња и град;
  • Манифестација и демонстрација;
  • Паѓање на воздушни летала;
  • Излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација.

Премијата за ДОМИ полиса почнува од само 615 денари годишно!

ДОМИ + е целосен пакет за заштита на станбениот објект и предметите во него.

Со полиса ДОМИ + вашиот имот е обезбеден од следните ризици:

  • Пожар и удар на гром;
  • Експлозија;
  • Луња и град;
  • Манифестација и демонстрација;
  • Паѓање на воздушни летала;
  • Излевање вода од водоводна и канализациска инсталација;
  • Провална кражба и разбојништво;
  • Трошоци за нужно сместување. 

Премијата за ДОМИ + полиса почнува од само 1220 денари!

Полисите ДОМИ и ДОМИ+ може да се склучат директно на шалтерите на банката.