Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да склучите дополнително каско осигурување на стаклата од кршење на сите моторни возила.
Со ова осигурување добивате заштита на стаклата на вашето моторно возило од кршење и оштетување. Осигурени се сите стакла на возилата, освен покривни стакла, стакла на светлата и огледалата.
За подетални информации контактирајте го вашиот консултант за осигурување.
Доколку имате веќе регистрирано возило, ја обновувате задолжителната полиса за регистрација на возило, односно полисата за осигурување од автомобилска одговорност, можете да купите заедно и осигурување од кршење стакла на нашата веб продавница, брзо и лесно.