Денес во Музејот на Современа уметност во Скопје, свечено е пуштена во употреба целосно реновираната музејска библиотека при Истражувачкиот центар во рамки на музејот. Обновената музејска библиотека, располага со фонд од 5200 наслови, над 2000 магазини, како и монографии на меѓународни и домашни автори. Оваа збирка е најголема за модерната и современа уметност во нашата земја и е од особено значење за сите кои ќе ја истражуваат уметноста и културата. Музејската библиотека е донација на Еуролинк осигурување, кој целосно ги покри трошоците за внатрешното уредување и новиот и свеж инвентар, во вкупна вредност од над 335.000 денари, со цел возобновување на музејската библиотека во својата функција.
Оваа донација на Музејот на современа уметност е прв чекор во долгорочната соработка на компанијата со оваа реномирана културна институција, и е најава за бројни активности кои ќе се реализираат оваа година. Еуролинк, ќе вложи дополнителни сопствени средства во висина од над 1.100.000 денари како генерален покровител на сите активности на Музејот на Современа уметност во Скопје во рамки на една година.
Со ова Еуролинк се потврдува за активен поддржувач на македонската култура и уметност и дава свој придонес во зачувување на македонските културни вредности и наследства. Воедно нашата компанија дава свој придонес во движењето на современите текови во македонското општество, и е инспирација на младите надежи кои ги промовираат вистинските вредности.
“Во годината кога Еуролинк осигурување слави 15 години постоење, продолжуваме да го даваме нашиот придонес во зачувувањето на уметничкиот израз и прогресивниот дух на нашата заедница. Оваа донација претставува не само поддршка во зачувување на македонската култура и уметност, туку и поттик за младите македонски уметници храбро да го одбележат времето во кое живееме, да ги поттикнеме да го изразат на сопствен индивидуален креативен јазик, а со тоа како придонес да остават трајни пораки на идните генерации преку современиот уметнички израз”, изјави Олга Костовска, Претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.
Овој проект е во рамки на платформата за корпоративна општествена одговорност на Еуролинк насловена “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”. Во рамки на оваа платформа годишно се реализираат десетина проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.