Со патничка полиса – ВИП се обезбедува здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување друга помош при патување, осигурување багаж, како и дополнителни трошоци поврзани со тешки несреќи во домот или службени простории, фабрики.
Патничка полиса – ВИП е пред сѐ наменета за сопственици на бизниси, членовите на органи на управување во компании како за вработените во истите.
Ризици опфатени со осигурувањето:
- Трошоци за лекување поради болест или несреќен случај, вклучително и лекување во случај на КОВИД-19;
- Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
- Враќање посмртни останки во земјата;
- Враќање малолетни деца во Република Северна Македонија;
- Надомест на телефонски трошоци;
- Посета на осигуреникот кој што е хоспитализиран како пациент во странство – превоз и сместување во хотел за блиско лице;
- Продолжување престој по препорака на доктор – сместување во хотел;
- Предвремено враќање во земјата поради болест или смрт на близок роднина;
- Багаж – кражба, оштетување и уништување;
- Багаж – кражба, во моторно возила;
- Багаж – задоцнето пристигнување во странство;
- Трошоци за повторно издавање пасош, возачка дозвола и сообраќен сертификат;
- Трансфер на деловни колеги;
- Предвремено враќање поради тешка несреќа во домот;
- Предвремено враќање поради тешка несреќа во деловни простории, фабрика;
- Надомест на трошоци заради доцнење или откажување лет;
- Враќање моторно возило.
Контактирајте со вашиот консултант за осигурување или директно купете полиса за патничко осигурување преку нашата интернет-продавница Е-ПОЛИСА.