Осигурувањето од незгода на Еуролинк може да склучи секое здраво лице возраст од 14 до 75 години без разлика на професијата и занимањето. Лица кои боледуваат од одредени болести или имаат одредени вродени мани, можат да склучат осигурување од незгода по посебни услови.
ЗОШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ИНДИВИДУАЛНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА?
Ако не сте опфатени со некој вид колективно осигурување од незгода (вработен кај вашиот работодавец, невработен во агенција за вработување, не сте член на осигурено семејство) или не сте задоволни со висината на покритијата, неопходно ви е индивидуално осигурување од незгода бидејќи со него обезбедувате финансиска поткрепа во случаи кога таа ви е најпотребна.
Контактирајте со вашиот консултант за осигурување за најдоброто покритие за вас.