Сите сопственици односно корисници на пловни објекти -брод, чамец, глисер, скутер и јахта со сила на мотор над 1,125 киловати, запишани во регистарот на бродови односно во регистарот на чамци,имаат обврска според Законот за задолжително осигурување во сообраќај да ја осигураат својата одговорност за штети причинети со пловниот објект за на трети лица и тоа: смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето, како и уништување или оштетување на предмети на трети лица.
Цената зависи од моќноста на моторот на пловниот објект изразена во KW.
Осигуреникот ги губи правата од полисата во следниве случаи и е должен да го плати износот што осигурителната компанија како надомест на штета го исплатила на трети лица:
- Пловилото го управувало и користело неовластено лице
- Управување со пловило без пропишана дозвола- бродска книшка односно уверение за оспособеност за управување со чамец
- Пловилото го управувал под дејство на алкохол, дрога и други наркотици
Контактирајте со вашиот консултант за осигурување за висина на премија за осигурување на вашиот пловен објект и изготвување полиса.