„Преку партнерството со Стартап Македонија, Еуролинк осигурување ја потврдува својата континуирана посветеност и поддршка на визионерите и иноваторите кои ја обликуваат иднината на македонската економија. Убедени сме дека стартапите претставуваат клучен двигател на економскиот и општествениот развој, со потенцијал да креираат позитивни промени и одржлив раст.“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Еуролинк осигурување и Стартап Македонија се обединети во заедничката стратегија за создавање на силен и иновативен македонски стартап екосистем. Преку ова партнерство, ќе се реализираат едукативни програми, обуки и проекти насочени кон поддршка на растот на новите стартап бизниси, создавање можности за нови претприемачи и обезбедување подобра иднина за сите.
“Стартап Македонија заедно со Еуролинк осигурување ја одбележува Глобалната недела на претприемништво – иницијатива која ги слави идеите, иновациите и креативноста на претприемачите ширум светот. Оваа недела е потсетник дека претприемништвото е двигател на промените, а нашата цел е да создадеме платформа со програма и конекции за младите таленти. Преку партнерството со Еуролинк осигурување испраќаме порака дека веруваме во нивниот потенцијал и сме подготвени да ги поддржиме на вистинскиот пат.“, изјави Игор Маџов, Програмски директор во Стартап Македонија.
Еуролинк осигурување и Стартап Македонија ги охрабруваат сите заинтересирани претприемачи и стартапи да се придружат во создавањето на иновативни решенија и успешни приказни. Со заеднички чекори и конкретна поддршка, визијата за динамичен и одржлив стартап екосистем во Македонија станува реалност.