Вработените се нашата најголема сила, генератор на развојот на Еуролинк Осигурување, кои преку осмислување и реализирање на иновативните проекти создадоа препознатлив имиџ на Друштвото на пазарот на осигурување. 

 

Затоа сме целосно посветени на нивниот индивидуален развој и напредок во рамките на Друштвото преку континуирано вложување во едукација и во обука.

 

Преку редовно одржување интерни семинари на кои се разменуваат искуствата во работењето, како и преку мрежа на едукатори, работилници и семинари организирани од надворешни консултанти, овозможуваме непречен и постојан развој на стручниот кадар, кој е темелот на конкурентската предност на Друштвото.

 

Се гордееме со сите вработени што континуирано напредуваат на личен и на професионален план.