Свесни сме дека организациската клима и условите за работа влијаат на ефикасноста и на продуктивноста на организацијата, како и на иновативноста и на ставовите на вработените.
Како резултат на тоа, периодично го испитуваме задоволството на вработените во Друштвото, преку прашалници што во себе ги опфаќаат категориите што се однесуваат на: Комуникација; Можности за развој; Мисија и визија; Компензации; Праведност; Вклученост на вработените; Тимска работа; Работна околина и ресурси; Стрес и обем на работата; Квалитет и фокус на клиентите; Можности за развој; Почит кон менаџментот; Почит кон вработените; Повратна информација и Одговорности.
Резултатите од овие истражувања ни овозможуваат воведување организациски промени со цел постојано унапредување на работењето.