Какви вработени бараме:
- Ориентирани кон тимска работа – да градат ефикасни врски што ќе помогнат во остварување на целите на компанијата;
- Одговорни – да поседуваат лични цели, да остваруваат во дадени рокови и да исполнуваат очекувања;
- Флексибилни – способност за брзо и ефикасно приспособување кон пазарни промени;
- Амбициозни – да поседуваат внатрешен порив за континуиран раст и развој.
Еуролинк Осигурување на своите вработени им овозможува:
- Обуки за континуиран развој и за усовршување на вештините во работењето;
- Динамична атмосфера на работење со млади и амбициозни луѓе;
- Конкурентен систем на наградување;
- Припадност кон семејството на најдобрите.
* * * * *
Процес на селекција
Со многу внимание се пристапува кон разгледување на кратките биографии што пристигнуваат во Друштвото и кон водење интервју со потенцијалните кандидати.
Процесот на одбирање на најсоодветните кандидати се одвива во неколку фази:
1. Разгледување на пристигнатите кратки биографии и селектирање на најсоодветните кандидати за слободното работно место;
2. Прво интервју со потенцијалните кандидати;
3. Тестирање (во зависност од работното место)
· тест за тип на личност и за вештини,
· тест за користење компјутери,
· тест за познавање англиски јазик,
· тест за стручно знаење;
4. Второ интервју со кандидати што го положиле тестот.
На долните линкови може да се информирате за најзначајните задолженија и одговорности на агент за продажба на осигурување и застапник во осигурување.
Агент за продажба на осигурување
Застапник во осигурување